„Само Вистина“ со Снежана Калеска Ванчева и Никола Мицевски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Снежана Калеска Ванчева и Никола Мицевски.

Очигледно е дека пандемијата стивнува, не значи дека не треба да има мерки и протоколи, но избори мора да има, рече Калеска -Ванчева. Лидери сме по црна статистика во регионот. Дали ако има избори ДИК ќе даде рок за увид во избирачкиот список, праша Мицевски.

Колку помалку тестираме толку ќе имаме и помалку заразени, стравувам од фиктивни резултати на бројот на заразени, брзи избори се само за спас на Заев, рече Мицевски. Неодговорно е да ширите теории на заговор, ние сме да се почитуваат препораките на комистијата за заразни болести, рече Калеска -Ванчева.

Собранието е единствениот орган кој што може да ги испитува „екс-официо" уредбите кои што Владата ги донела, затоа ни требаат избори, рече Калеска- Ванчева. Изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ се базира врз средби со граѓани и затоа најверојатноќе одиме со смс пораки и се разбира со други активности колку што мерките ќе ни дозволат, рече Мицевски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер