“Супер мерцедесот“ на Хитлер не успеа да се продаде и покрај тоа што достигна цена од 7 милиони долари

Еден од само осумте предсериски примероци на блиндираниот Мерцедев-Бенз 770K Grosser Open Tourer од 1939 година, кој бил во сопственост на Адолф Хителр, не пронајде нов сопственик на големата аукција.

Иако заинтересираните купувачи достигнаа понуда од седум милиони долари, таканаречениот „Супер мерцедес“ не е продаден затоа што не ја достигна најниската цена која ја постави сопственикот како лимит.

Речиси 80 години стариот кабриолет го заплени американската војска во Франција по завршувањето на Втората светска војна.

Автомобилот смени неколку сопственици и стигна до музејот во Лас Вегас, а американските медиуми веруваат дека во моментот е во сопственост на анонимен Русин, од 2009 година.

Овој автомобил бил специјална порачка на личниот шофер на Хитлер и офицер на озлогласената СС единица Ерик Кемпке.

Мерцедесот учествувал на неколку нацистички паради меѓу 1939 и 1941 година, а користен е при официјални посети на функционери.

За да биде фирерот заштитен во него, Мерцедесот е оклопен со арматура од двете страни и по подот.

Ветробранот е отпорен на куршуми, а зад седиштата се наоѓа мобилна оклопна плоча.

Моторот е 7,7-осумцилиндарски со 230 коњски сили, со петостепен мануелен менувач.

Моделот, кој аукциската куќа го опиша како конечен споменик на триумфот на сојузниците над злото, е еден од осумте произведени во претсеријата на моделот B150 од серијата 770K, од кои пет преживеаја, а три се во приватна сопственост, вклучително и овој.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер