„Вардар" победник на завршниот ракометен турнир во пионерска конкуренција во Делчево

Женската екипа на „Вардар" од Скопје е победник на завршниот ракометен турнир во пионерска конкуренција што се одржа во Делчево.

Во финалниот дуел Вардарки беа подобри од екипата на „Стружанка" која го освои второто место. Во екипата на „Вардар" најзадоволен беше тренерот Анџела Платон на која ова и е прв трофеј со пионерките.

-Чувството е прекрасно, премногу сум горда што сум тренер на прекрасен и неверојатен клуб. Им честитам на девојките, ме направија среќна, ова е прв пат да освојам златен медал со девојките и сум многу среќна, изјави Платон.

За МВП на турнирот беше прогласена Бојана Гоцева од шампионската екипа на „Вардар".

-Напорно трениравме во текот на првенството и навистина ова е награда за сите нас, истакна Гоцева.

Задоволство од освоеното сребрио имаше и кај „стружанки". -Можевме и подобро, но игравме против Вардар и се на се ова е огромен успех за нас, задоволни сме од постигнатиот резултат, истакна Теодора Дукоска од екипата.

Бронзениот медал и припадна на екипата домаќин РК „Делчево" кои се покажаа како добри организатори на спектаклот. -Мораме да бидеме задоволни со третото место сепак сме меѓу најдобрите четири во државата. Како организатори на овој настан покажавме дека сме зрели за уште голем број на вакви настани, истакна тренерот Горан Велков.

Натпреварите РК „Делчево" го организираше со поддршка на општина Делчево./MИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер