„Златна петорка" – најдобар странски филм на Интернационалниот фестивал во Кардиф

Филмот „Златна петорка " на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата за најдобар странски филм на Интернационалниот филмски фестивал што се одржа во Кардиф.

По повод наградата, режисерот Тренчовски им ја честиташе на целата екипа во филмот. – Честитки до цела екипа, со надеж дека по толку фестивали, награди и неправди, конечно ќе го започнеме нашиот нов проект, кој верувам ќе биде и подобар и поуспешен, истакна Тренчовски.

Филмот „Златна петорка" досега го виделе над 80.000 гледачи во Македонија и надвор, а во земјава беше најгледан и најнаградуван филм изминатата сезона (2016/2017). Прикажуван е на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено десетина награди. /МИА

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер