11 годишно дете избегало од дома зашто било жртва на насилство - живеело кај другарчиња!

11 годишно дете избегало од дома, бидејќи било жртва на семејно насилство. Престојувало кај другарчињата, за да се сокрие од родителите. Ова е само еден случај на деца кои се психички или физички малтретирани. Слични случаи како овој, во детската амбасада „Меѓаши“ се пријавени 10 за само шест месеци.

„Разговаравме со него, разговаравме со центарот за социјална работа за да се најде начин како да се разговара со родителите и тоа да се подобри. Децата коишто бегаат од дома како резултат на семејно насилство – многу често можат да бидат жртви и манипулирани, меѓутоа, ова е еден позитивен пример на нас, како граѓанска организација со центарот за социјална работа во насока на згрижување и давање на соодветен третман на првенствено и од нас и од центарот за социјална работа - изјави Јана Зенговска, психолог во „Меѓаши“ .

Детето кое подлежи на насилство е агресивно кон преостанатите дечиња или пак, е повлечено од средината, објаснуваат психолозите. Токму така наставниците можат да препознаат дали во домот на едно дете има семејно насилство, вели Јана Зенговска од детската амбасада „Меѓаши“.

„Доколку препознаат дека некое дете има некакво типично однесување по однос на спроведување на активностите, во однос, на односот со другарчињата, на самите наставници или воспитувачи, бега, нема концентрација, многу навредува, критички е настроено, уринира, а надмината е таа фаза, во тој случај треба да ја информираат стручната служба во училиштата или градинката. Не значи дека детето коешто било жртва на семејно насилство дека автоматски треба да се одземе родителството“, изјави Јана Зенговска, психолог во „Меѓаши“.


За само шест месеци на СОС телефонот се пријавени 50 деца потенцијални жртви на прекршување на правата. Од нив, 10 случаи жртви на семејно насилство.


СОС Телефон: 0800 1 2222



Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција

САД повторно изразија загриженост  за израелскиот напад врз Рафа, но нагласија дека се уште нема голема операција и дека се уште ја задржуваат можноста за договор за прекин на огнот.

„Очигледно гледаме со загриженост, се разбира, но не би отишол толку далеку да кажам дека она што го видовме таму во изминатите 24 часа укажува на широка, голема копнена операција“ изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. /МИА

Италија и Германија со по пет екипи во Лигата на шампиони

Италија и Германија обезбедија дополнително место во Лигата на шампиони за следната сезона, откако нивните клубови се претставија добро во европските натпреварувања оваа сезона, објави УЕФА.

Со проширувањето на Лигата на шампиони на 36 екипи од сезоната 2024/25, УЕФА соопшти дека две од четирите дополнителни места ќе ги пополнат европските асоцијации „со најдобро комбинирани перформанси на нивните клубови“ во натпреварувањата на УЕФА.

Со завршувањето на полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите, Лига на Европа и Конференциската лига оваа недела, УЕФА соопшти дека Италија и Германија загарантирано ќе завршат на првите две места на клупското рангирање за 2023/24 година.

Италија и Германија имаат по двајца финалисти оваа сезона – Аталанта (Лига Европа), Фиорентина (Лига на конференции), Борусија Дортмунд (Лига на шампиони) и Баер Леверкузен (Лига Европа). /МИА

Петров: Мораме да ги задржиме младите дома

„Не можам да бранам концепт кој загуби на изборите, а граѓаните се изјаснија дека сакаат нешто друго“

Ималем проблем со демогравските карактериски за кои многу малку зборуваме. Мораме да ги задржиме младите дома инаку ќе останеме земја на старци и пензионери. Македонија мора да оди напред кон ЕУ, а како, одговорот на прашањето треба да го даде новата влада. Ние имавме наш концепт, но не можам да бранам концепт кој загуби на изборите, а граѓаните се изјаснија дека сакаат нешто друго. Навредлив е односот на бугарската политика кон нас, но треба да се објасни што значи отворањето на кластерите со ЕУ, а тоа е значајна финансиска помош на земјата. Очекуваме да видиме од идната влада кои се политиките државата да оди напред, да не застануваме, рече Андреј Петров во Само Вистина.

притисни ентер