22 годишен самоук вајар од Куманово изработува дела од гипс и најавува изложба

Скулптури, слики и најразлични предмети од гипс го разубавуваат импровизираното атеље на самоукиот вајар 22 годишниот Мартин Десподовски познат како Чолич во Куманово.

Дека има талент за уметност открил уште додека бил основец, но посериозно се посветил на вајарството последните три години. Педесетина дела изработени од Чолич есенва ќе бидат претставени на неговата прва самостојна изложба во Центарот за култура.

-Со многу љубов и знаење изработувам тродимензионални дела. Работата со гипс бара многу концентрација а пред се љубов и талент, вели самоукиот вајар Мартин Десподовски –Чолич.

Некои фигури момчето ги обликува за триесетина минути а дел од нив бараат ангажман и по пет часа дневно.
„Користам посебни вајарски техники за работа, глетото, гипсот за лиење, линолеумското ноже се алатките со кои ги обработувам, доубавувам и дооформувам моите дела“, додава Мартин Чолич.

Освен специјални бои за своите дела користи и златна прашина која може да се купи само во рудник.

Иако талентот му е дарба од Бога, Мартин планира да се запише на Факултетот за ликовни уметности а вајарството да му стане професионална определба.

Досега соработувал со неколку истакнати уметници во Македонија а неодамна бил ангажиран во Скопскиот народен театар како дел од екипата на сликарот Синиша Кашавелски.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер