30-дневен притвор за Јанакиевски и Божиновски- Јанкуловска не очекува притвор, ги почитува мерките за претпазливост

Бегството на екс премиерот Груевски експресно ја активира мерката притвор за дел од обвинетите во случаите на СЈО.Поранешниот министер Јанакиевски и екс генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски од утринава се во 30-дневен притвор.

Груевски е во бегство а Специјалното обвинителство се сомнева дека на ист начин за бегство се спремале и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот секретар во владата на ВМРДО ДПМНЕ Кирил Божиновски поради што судот им определи притвор од триесет дена. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше јавно да ги сподели информациите со кои располагаат но рече дека ќе бараат притвор и за другите обвинети за кои ќе има сомнеж за бегство.

Барањето за притвор за Јанакиески и Божиновски СЈО го поднело рано утринава а судот го одобрил.

По ценење на фактите и доказите во предлогот судот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство .

Обвинета во овој случај е и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска која како што рече не очекува притвор бидејќи ги почитувала определените мерки од судот.

Екс министерот Јанакиески синоќа за дел од медиумите го осуди бегството на Груевски и рече дека не планира да бега. Со Божиновски утринава се спроведени во истражниот затвор во Шуто Оризари а денеска не беа спроведени во судот бдејќи решението за притвор судијата Осман Шабани го добил утринава. Нивната одбрана тврди дека сознанијата за подготовка за бегство доаѓаат преку УБК и сметаат дека се работи за политичка одмазда.

На следното рочиште за десетина дена Кривичниот суд ќе треба да одлучи и дали на екс премиерот Никола Груевски ќе му се суди во отсуство за Титаник или постапката ќе се одвои. Слачјот Титаник е најголемиот слуачј на СЈО во кој има над 20 обвинети за изборни нерегуларности. Освен во него Груевски е обвинет во уште 3 случаи - ТНТ, Траекторија и Насилство во Центар.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер