35 години затвор поради навреди против кралската фамилија на фејсбук

Навредувањето на владетелите во некои земји во светот е нешто како смртна казна, поради навредите дури се изведуваат луѓето и пред суд.

Токму такво нешто му се случило на еден жител на Тајланд, кој е осуден на дури 35 години казна затвор поради тоа што на социјалната мрежа Фејсбук го навредил, кралското семејство. Тој бил изведен пред воен суд , кој му ја изрекол оваа драконска казна.

Инаку, станува збор за жител на Тајланд чии идентитет во целост не е објавен поради заштита на неговото семејство.

Тајландските медиуми само пренесуваат дека неговото име е Вичаи кој има 35 години.

Имено тој минатата година на својот Фејсбук профил ја навредил тајландската кралска фамилија , поради што подоцна е изведен на воен суд кој му одредил казна од 35 години затвор.

Иако ова е една од најдраконските вакви казни изречена во светот, тајландските медиуми нагласуваат дека казната е всушност еден вид на предупредување за сите останати жители на Тајланд.

Обвинението против Вичаи имало 10 точки, а воениот суд одлучил дека 35 годишниот Тајландчанец е виновен по сите десет точки од обвинението.

Неверојатна сцена: Девојки по сообраќајка, облеани во крв си прават селфи (ВИДЕО)

Бизарна сцена е снимена во мексиканскиот град Куернавака, каде две девојки доживеале тешка сообраќајна несреќа.

Без разлика на повредите и тоа што се облеани во крв, тие решиле да го овековечат моментот и - да позираат за селфи.

Неверојатната сцена е снимена неколку моменти по несреќата, односно откако излегле од превртениот автомобил, пренесува The Sun.

Гледаме девојки како седат на тротоар и позираат за социјалните мрежи. Во заднина е удрено возило со скршени стакла.

Се испоставило дека едно од девојките е тешко повредено и не може да оди. Откако направиле селфи, им пришол полицаец.

На една од снимките, која заврши на мрежите, гледаме друга девојка како прави селфи покрај возило на брза помош, опкружена со лекари и полицајци.

Настраданите се пренесени во болница, додека властите ги истражуваат деталите за несреќата.

Вечерва во Кавадарци победничка еуфорија пред утрешниот натпревар на „Тиквеш“

Победничка еуфорија пред утрешниот историски натпревар!

Не постои кавадарчанец, кој е рамнодушен за овој натпревар. Сите од срце посакуваме победа!

ЛОЗАРИ само не потсетуваат и ни покажуваат што треба да се случи утревечер!

Сите сме за Тиквеш!, ечеше низ Кавадарци вечерва.

На Клоп му аплаудираа сите, освен најскапиот фудбалер на Ливерпул (ВИДЕО)

Јирген Клоп, сега поранешниот менаџер на Ливерпул, беше испратен во последното коло од Премиер лигата на прекрасен начин од навивачите, клупскиот персонал и играчите.

Една од почестите за Клоп беше шпалир, а сите играчи на Ливерпул му аплаудираа освен еден - уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.

Нуњез е играчот за кого Ливерпул плати највисока сума за дојдовен трансфер - 85 милиони евра. Но, незадоволството на Уругваецот растеше во текот на сезоната. Во еден момент од Инстаграм ги избриша сите фотографии на кои е во дресот на Ливерпул, пишуваше дека се скарал со Клоп и дека на лето ќе го напушти клубот.

притисни ентер