64 нови случаи на голема кашлица, намалување од 11,1% во споредба со претходната седмица

За 11,4 % се намалиле новите случаи со голема кашлица во однос на минатата недела. 

Оваа недела се пријавени 64 нови случаи. Најмногу од пријавените случаи има во Скопје и во Куманово. Според вакциналниот статус 19 од нив биле целосно вакцинирани останатите не, се вели во извештајот на Институт за јавно здравје. Според возраста заразените се од еден месец до 61 година. Најмногу заразени се од 10 до 14 години. Според Злате Мехмедовиќ портпарол на комисијата за заразни болести намалувањето на бројките не е тренд што ќе следи да опаѓа. Тој вели дека состојбата е сериозна и оваа епидемија може подолго да трае, бидејќи самиот начин на имуназиција против пертуис оди во три дози вакцина и една ревакцина што треба подолго време за колективен имунитет.

„Не е едноставно како во случајот со морбилите кога имавме две вакцини едната се примаше на 13 месеци втората на шест години. Таму беше почиста сликата епидемијата со морбили ја завршимве со 45 илјади вакцинирани деца по период некаде од 12 месеци. Меѓутоа овде имаме иста бројка на деца што треба да ги вакцинираме но имаме уште една сложена ситуација децата кои треба да примаат три дози и да бидат целосно примо имунизирани по шест месеци треба да примаат бустер доза и нова ревакцина. Така да во периодот од една година за една година за да ја затвориме епдимедијата на морбили ние треба да имаме уште една дополнителна вакцинција за да може да постигнеме бројка до 95%. Тоа е комплицираноста“, изјави д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на Комисијата за заразни болести.

Досега се заразени вкупно 349 луѓе со голема кашлица. Хоспитализирани се шест деца. Се уште на сила важи забранта деца кои не се целосно имунизирани со три дози на вакцина или непримена ревакцина по поминати шест месеци од третата доза нема да бидат примени во градинка.

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер