АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа вечерва пораз на домашен терен од Спартак Суботица со 73-78 во првиот полуфинален натпревар од плејофот во регионалната АБА 2 лига.

Актуелниот македонски шампион влезе во завршницата на третата четвртина со предност од 55-50, по уследи пад во играта и серија на противникот од 11-2.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја резултатски да се вратат до крајот на натпреварот и со негатива од пет поени ќе патуваат на реваншот во Суботица идната сабота.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 20 поени.

Во второто полуфинале Подгорица триумфираше на првиот натпревар на домашен терен над Војводина со 98-80 пред реваншот идниот четврток во Нови Сад.

ВМРО-ДПМНЕ: Демантираме дека е направена било каква распределба на ресори

Демантираме дека е направена било каква распределба на ресори во идната Влада.

Во целост се неточни информациите објавени на Сител телевизија и замолуваме да се водржи медиумот од предвремено лиферување на информации, со оглед на тоа што само пред неколку часа Коалицијата Твоја Македонија го овласти претседателот Мицкоски да преговара за составање на идната Влада.

ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорчев: Не ви треба ЕУ за да спроведувате реформи

„Мора на Бугарите да им предочите дека не може да очекуваат дека Македонија може да разговара за тема за која ниту една држава во светот не би разговарала“

Ако СДСМ ги објавеа двата протокола и се видеше што имаат потпишано Димитров и Османи, ќе видевте дека има страшен притисок врз Македонија и прашање е дали и пратениците на СДСМ ќе го поддржеа. Мора на Бугарите да им предочите дека не може да очекуваат дека Македонија може да разговара за тема за која ниту една држава во светот не би разговарала.

Дајте да разговараме за клучните светски проблеми, тоа се храната, миграцијата. Да правите реформи во државата и да ги спроведувате успешно, не ви треба ЕУ. Ние 19 години сме кандидати за членство. Во рамката во чл.5 стои дека мора да го почитуваме договорот со Бугарија и Грција, а тоа е билатерализација на проблемот. Никој така нема да биде дел од ЕУ, рече Мајран Ѓорчев во Само Вистина.

Србија испраќа хуманитарна помош за Појасот Газа во вредност од три милиони евра

Владата на Србија донесе заклучок со кој се упатува хуманитарна помош во стоки за државата Палестина, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, јави дописникот на МИА од Белград.

Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување семејства, вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, а тежината е близу 900 тони, соопшти Владата на Србија.

Со оглед на итноста на ситуацијата и решителноста на Србија да му се помогне на палестинското население, помошта се испраќа во два лета, од кои првиот авион ќе лета денеска, додека вториот утре.

- Друга хуманитарна помош ќе се транспортира со брод во неколку наврати. Планот е кога помошта ќе пристигне во Египет, египетската Црвена полумесечина да ја подигне и понатаму со камиони да се транспортирана до Појасот Газа. Ова зборува за сложеноста на постапката за извршување на испораката на хуманитарна помош, како и за нејзината неопходност, соопшти Владата на Србија.

Со истиот заклучок, Владата се согласи и со предлогот на Министерството за надворешни работи, Владата на Република Србија да одговори на повикот на специјализираната агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за обезбедување финансиски поддршка на Програмата за итна помош за Газа, со уплата на средства во износ од 10.000 евра. /МИА

притисни ентер