Адеми: Наскоро конкретен образовен план со сет мерки меѓу кои и за државната матура

Во следните денови останува да ја донесеме конечната одлука како ќе се полага државната матура – дали во јуни или ќе биде укината за оваа генерација матуранти.

Тоа го истакна министерот за образование и наука Арбер Адеми на онлајн прес-конференција, додавајќи дека во идните денови на седници на Владата ќе се разгледува конкретен образовен план со сет мерки.

-Подготвивме конкретен образивен план со сет мерки што ќе се преземат следниот период – и за упис на првачињата, за упис во средно и за високо образование, како и за државната матура. Не би било кокретно да објавам тоа што го подготвивме пред да се разгледува на седница на Влада, но една од опциите е укинување на државната матура за оваа генерација што завршуваат средно образование, рече министерот Адеми кој е сè уште во самоизолација.

Во тој случај, посочи Адеми, факултетите ќе треба да организираат квалификациски испити ако има конкуренција и повеќе матуранти имаат ист број бодови од успехот во средното образование, но смета дека ќе нема проблем зашто некои факултети веќе практикуваат квалификациските испити.

Во сетот мерки, исто така, ќе биде одложувањето на уписот на првачињата во учебната 2020/2021 година, кој ќе биде најверојатно во јуни наместо во мај.

Рече дека сè било навремено преземено за да продолжи наставата преку далечинско учење која, рече, во овие околности е опција за која нема алтернатива и дека со донесените уредби со законска сила, онлајн-наставата стана формална и е избегнато оваа учебна година да се повторува од септември.

Само три дена имавме прекин во наставата, рече Адеми, а потоа МОН и Владата во партнерство со други институции, а пред сè со УНИЦЕФ, воведе модели за е-учење. Ги спомна националната образовна платформа Едуино, која се надополнува постојано со видеолекции по сите предмети за основно и средно, како и со содржини за предучилишна возраст, како и емисијата „ТВ училница" на МРТ за која рече дека има висока гледаност.

-Предизвици има, особено во основно и средно, но тие се надминуваат. Се воспостави систем кој ќе биде применлив и во иднина. Нема училиште што не почна со учење од далечина како нова форма на едукација во која и наставниците се максимално ангажирани и дневно комуницираат со своите ученици. Тие имаат комплетни насоки за реализирање на наставните содржини и како да ги проверуваат и оценуваат нивните знаења, истакна Адеми.

Потсети и дека е надминат и предизвикот со интернет-пристапот за сите деца со тоа што за 30.000 ученици од над 18 илјади социјално загрозени семејства со донација од „Телеком" се обезбедени мобилни картички од 10 гигабајти месечно за интернет. Во соработка со локални самоуправи и со поддршка од бизнис-заедницата, пак, ги обезбедуваат и учениците што немаат персонални уреди за следење на онлајн-наставата. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер