Аеродромци против зависници во поликлиниката „Јане Сандански“

Жителите на скопската населба Аеродром не сакаат преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода во поликлиниката  Јане Сандански и бараат ваквата одлука надлежните да ја повлечат.

Тие објаснуваат дека со ова не се решава проблемот со центарот за зависници во Кисела Вода, туку само се продлабочува. Тука има основно училиште, градинка со најголем капацитет во градот, станува збор за густо населено место“, кажа Мартин Клинчаров, еден од незадоволните жители.

Од министерството за здравство велат дека во Скопје има веќе воспоставен систем за лекување на наркозависници преку приватни психијатри. Освен во Центарот во Кисела Вода, лекување на болести на зависности долго време се спроведува на уште 6 локации. Две во јавно-здравствени установи и 4 приватни психијатриски ординации, од кои вкупно 3 во општина Центар, 2 во Аеродром и 1 во Карпош. Со оглед на тоа дека досега нема ниту еден посериозен проблем на ниту една од овие локации покажува дека дисперзираниот систем дава подобри резултати. Односно дека ако помал број на пациенти се лекуваат на едно место поголема е контролата, а во исто време овие пациенти ги посетуваат овие центри кои се блиску до нивното живеалиште,објаснуваат од ресорното министерство.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер