Ајнштајн: Библијата е збирка на легенди...прилично примитивна

Рачно напишаното писмо на Алберт Ајнштајн за неговото поимање на Бог, религијата и смислата за животот ќе биде продадено во декември на аукција во Њујорк.

Рачно напишаното писмо на Алберт Ајнштајн за неговото поимање на Бог, религијата и смислата за животот ќе биде продадено во декември на аукција во Њујорк, соопшти аукциската куќа „Кристи“ и додаде дека верува оти писмото ќе биде продадено за околу милион долари.

Писмото од 1954 година напишано на германски јазик и е упатено до филозофот Ерик Гуткинд.

Најголемиот физичар на 20 век, кој бил со еврејско потекло и побегнал од Германија пред доаѓањето на власт на Адолф Хитлер, ги опишува своите верски убедувања.

„Зборот Бог за мене не е ништо друго освен израз и производ на човековата слабост. Библијата е збирка со уважени легенди, но сепак прилично примитивна“ – напишал Ајнштајн додека бил на Универзитетот Принстон во Њу Џерси, година дена пред да почина во април 1955 година.

Претставникот на аукциската куќа „Кристи“, Питер Кларнет смета дека писмото претставува еден од најкарактеристичните ставови во расправата на науката против религијата.

Ајнштајн во писмото не го поштедил ни јудаизмот.

„За мене еврејската религијата е како сите останати, олицетворение на примитивно суеверие. Евреите на кои гордо им припаѓам, менталитетот кој го чувствувам се длабоко вкоренети во мене, не поседуваат поинакво достоинство во однос на другите народи“ – се наведува во писмото.

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на Хеликоптерската единица за посебни намени и Хеликоптерската единица за полициски намени кои функционираат во рамки на Одделот за воздухопловни единици.

Како што соопшти МВР, во рамки на посетата од страна на раководството, министерот бил запознаен со структурата, делокругот на работа, како и специфичните проблеми со кои се соочени како на краток, така и на долгорочен план, а биле презентирани и опремата и хеликоптерите со кои располага Министерството за внатрешни работи.

-Во моментот Одделот е целосно подготвен да одговори на различни предизвици како што се гасење на пожари, спасувачки мисии, превоз на ВИП личности, носење на подвесен товар, како и медицински транспорт. Главен проблем е недостатокот на пилотски и технички кадар кој е многу специфичен и редок на пазарот на труд и што е можно поскоро треба да се преземат сериозни мерки и реформи во насока на надминување на овој проблем со цел да не се доведе во прашање функционирањето и постоењето на оваа многу важна организациска единица, истакнал Тошковски.

Исто така, како што додал министерот, хеликоптерите кои ги поседува МВР се технички застарени и сè потешко станува нивното сервисирање, поради што неминовна е потребата од сериозна набавка на нови хеликоптери со што ќе се направи и унификација на флотата заради поефикасно и поекономично функционирање во иднина, согласно меѓународните стандарди и технолошки дострели кои наоѓаат широка примена во современото полициско постапување.

-Од тие причини потребно е да се направи темелна анализа и да се преземат соодветни стратешки чекори насочени кон долгорочно зајакнување и зголемување на полициските капацитети во овој дел, нагласил министерот Тошковски при денешната посета.

Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите

Основното јавно обвинителство Битола повело постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело насилство. 

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, двајцата сопружници на 15 мај влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие.

-Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството, двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат, информира ЈОРМ.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.

По инсистирањето на МАЕИ, Народниот правобранител на Албанија отвори предмет за пописот

По повеќето реакации на МАЕИ, албанските власти забранија влез во Албанија на Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“ од Софија кој кршејќи повеќе закони се мешаше за време на пописот во Албанија.

Народниот правобранител на Албанија отвори предмет за пописот на населението, што се спроведе во октомври 2023 година во земјата, по континуираните реакции и дописи на единствената партија на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европската интеграција (МАЕИ) за притисоците со кои Македонците од Албанија се соочија за време на пописот од страна на Бугарија, изјави за МИА лидерот на партијата Васил Стерјовски.

Народниот правобранител со допис ја известила МАЕИ за отворениот предмет каде од повеќе албански институции меѓу кој и Заводот за статистика бара да ги истражат загриженостите поткренати од страна на оваа партија за асимилација на македонското малцинство од страна на Бугарија и притисокот за време на пописот.

Според него, претходно Народниот правобранител на дописите и реакциите на МАЕИ за притисок од страна на Бугарија се изјаснил за ненадлежен поради дипломатскиот карактер, поради што партијата повторно реагирала до Народниот правобранител и албанските и странските институции барајќи од Народниот правобранител да ги истражи загриженостите што ги поткрена.

Во повторниот допис, МАЕИ наведува дека очекувале „поодлучен однос и проактивни мерки од албанските институции за заштита на правата и слободите на граѓаните со македонско потекло“.

-Изразувајќи го незадоволството од првиот одговор наведовме дека овие наши загрижености беа пречекани со молчење или, уште полошо, со соработка во активностите кои ги помагаат асимилаторските цели на Бугарија кон македонското малцинство. Исто така наведовме дека иако ја признаваме независноста на институцијата, ни изгледа изненадувачки што одговорот што го добивме го сметаат ова прашање надвор од нивна надлежност поради неговата дипломатска природа, и оти нивниот одговор дојде по завршувањето на пописниот процес и два месеци по нашето прво писмо. Во нашите писма јасно беа истакнати сериозни обвинувања против албанските институции, кои останаа неадресирани, иако беа во сферата на нивната јурисдикција, наведува Стерјовски делови од реакцијата на МАЕИ до Народниот правобранител.

Инаку, во изминатиот период делегација на МАЕИ предводена од претседателот Васил Стерјовски оствари повеќе средби со претставници на Советот на Европа во Стразбург и со европратеници во Европскиот парламент во Брисел каде главен фокус на средбите се даде на положбата на Македонците во Албанија.

Исто така им беше доставен посебниот извештај подготвен од МАЕИ за пописот во Албанија, кој се спроведе во октомври 2023 година и притисоците на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија. За притисоците за време на пописот во Албанија, МАЕИ побара помош и ги извести и Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и Комитетот за елиминација на расна дискриминација-Канцеларијата на Обединетите нации во Женева.

По повеќето реакации на МАЕИ, албанските власти забранија влез во Албанија на Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“ од Софија кој кршејќи повеќе закони се мешаше за време на пописот во Албанија. Во исто време МАЕИ побара од албанските власти забрана на активностите во Албанија на фондацијата „Бугарска меморија“ со претседателот Милан Врабевски од Бугарија, која изминатите години изгради широка мрежа во Албанија, коруптирајќи албански функционери и влијаеше на процесот на пописот со цел асимилација на Македонците.

притисни ентер