Актерот уапсен и обвинет: Има бомба во торбата

Американскиот актер Ти Џеј Милер уапсен е и обвинет поради лажна дојава откако пријавил една жена со која патувал во ист воз дека крие бомба во својот куфер.

Имено, Милен претходно имал вербален судир со текот на патувањето од Вашингтон до Њујорк. Како што пренесуваат медиумите, инцидентот се случил на 18 март.

Милер од возот, ја повикал полицијата, пријавувајќи дека една жена, со марама на главата, “има бомба во својата торба“. На повратниот повик на полицијата, тој изјавил дека жената постојано “пребарува по торбата и изгледа како да сака да го напушти возот, а да го остави куферот“.

Милер одречно одговорил на прашањето на полицаецот дали можеби боледува од некоја ментална болест и додал: Ова е прв пат да направам ваков повик, загрижен сум за луѓето во возот, некој би требало да ја провери оваа госпоѓа“.

Како што се покажало на крајот, Милер во полицијата дал погрешен број на возот, па целосно друг воз бил сопрен во државата Конектикат, испразнет и пребаран, што довело до големи доцнења. Никаква бомба не била пронајдена.

Во меѓувреме, Милер со својот воз редовно патувал за Њујорк. Според документите кои ги објави ФБИ, полицијата го дочекала Милер во Њујорк и во алкохолизирана состојба го извлекла од возот. Еден работник во возот изјавил дека тој испил две чаши вина и две чаши виски со сода.

Вториот работник навел дека Милер “разменувал погрдни зборови“ со една жена во вагонот од првата класа и додал дека не е точно во тврдењето дека сомнително се однесувала. Спомената жена изјавила за полицијата дека со Милер имала препирка, додавајќи дека тој бил гласен и нападен во возот, како и тоа дека ја коментирал нејзината фризура.

Пријавата на Милер довела до значајни повеќечасовни доцнења, како и до зголемена приправност во неколку безбедносни агенции во државата Њујорк и Конектикат. ФБИ налогот за неговото апсење го обезбеди дури во понеделников, кога Милер слетал на њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“.

Актерот е ослободен со кауција од 100.000 долари откако претходно се појавил пред федералниот суд во Њу Хевен.

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер