Амбасадорката Холштајн на седница на Владата ги презентираше приоритетите на германското претседателство со Советот на ЕУ

„Заедничкото справување со КОВИД-19 и проширувањето со подготовката на рамката за пристапни преговори со Македонија се во врвот на приоритетите“.

На денешната 79-та редовна седница на Владата на Република Македонија, амбасадорката на Сојузна Република Германија, нејзината екселенција Анке Холштајн ги претстави приоритетите на германското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на 2020 година.

Во своето поздравно обраќање, премиерот Оливер Спасовски се заблагодари за учеството на амбасадорката Холштајн на седницата со која се потврдуваат заложбите на Владата на Република Македонија за стратешката насоченост кон европска интеграција, преку интензивна и динамична работа со сите чинители и засегнати страни.

Претседателот на Владата Спасовски го истакна фактот дека еден ден по преземањето на претседателството со Советот на Европската Унија од страна на Сојузна Република Германија беше објавена Преговарачката рамка на Европската Унија со нашата земја, и со тоа оваа земја покажа дека континуирано прави големи чекори и клучни одлуки со кои го препознава извонредниот напредок и смелите чекори во добрососедските односи и реформите што Македонија ги презеде во изминатите три години.

„Сојузна Република Германија го презема претседавањето со Советот на ЕУ во исклучително значаен период. Ние очекуваме и веруваме дека до завршувањето на вашето претседателство со Советот на Европската Унија ќе се одржи Првата меѓувладина конференција, на кој начин ќе се означи и официјалниот старт за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската Унија, а во таа насока, охрабрува и изјавата на Канцеларката Меркел дека тоа е и целта на Германија", рече Спасовски на седницата на Владата на која амбасадорката Холштајн ги презентираше приоритетите на германското претседателство со Советот на Европската Унија.

Амбасадорката Холштајн во презентацијата на приоритетите како најзначајни ги издвои координирањето на заложбите на ЕУ за надминување на заканите од пандемијата со КОВИД-19; економското закрепнување и постигнувањето согласност за повеќегодишната финансиска рамка и за фондот „ЕУ во следната генерација"; стабилизирање на соседството; напредок во проширувањето; Партнерството со Африка; и заедничката позиција за Кина.

Меѓу приоритетите, нагласи амбасадорката Холштајн, се и завршните преговори и идните релации со Обединетото Кралство; напредокот на зелената и дигиталната трансформација на ЕУ; јакнење на европската солидарност и социјална кохезија; прогресот во политиките на ЕУ за миграциските и прашањата за азил; јакнењето на владеењето на правото како клучна основа на ЕУ; и зајакнувањето на капацитетите на ЕУ во надворешната политика за делување на глобално рамниште.

Особено значајно за Македонија, потенцираше амбасадорката на СР Германија Холштајн, е што посебен дел од програмата е посветен и на политиката за проширување на ЕУ со кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан како заеднички интерес и за регионот и од интерес на ЕУ. Во таа насока активно се подготвува рамката за преговори за Македонија и Албанија, земајќи ја предвид новата методологија за проширување, во која според СР Германија, рамката за преговори не треба да се усложнува со билатерални прашања кои останува да се решаваат меѓу засегнатите земји одделно.

На крајот од овој дел на денешната 79-та седница, претседателот на Владата на Македонија Оливер Спасовски, во име на Владата се заблагодари за презентацијата и ѝ посака на СР Германија успешно претседавање со Советот на ЕУ, и изрази очекување дека ова ќе биде историско претседавање заради исклучителната важност на приоритетите, како и заради историската можност за Република Македонија да ги започне преговорите по поглавја за членство во ЕУ, стои во соопштението од Владата.

Германската амбасада со честитки до Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога

Германската амбасада со честитки до Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател .

Германската амбасада упати честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија, оценувајќи го како „историски момент“.

- Историски момент: честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија! Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Сиљановска Давкова како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај.

Иванов најави зголемена пензија од 11 проценти за бугарските пензионери

- Ова е мое право и ќе го искористам, нема потреба некој да ме советува, истакна Иванов.

Министерот за труд и социјална политика на Бугарија, Ивајло Иванов на утрешната седница на Надзорниот одбор на Националниот институт за социјално осигурување ќе предложи зголемување на пензиите за 11 проценти од 1 јули, како што е усвоено од Националното собрание, јавија бугарските медиуми.

- Ова е мое право и ќе го искористам, нема потреба некој да ме советува, истакна Иванов.

Конечната одлука за тоа колку ќе биде покачувањето ќе ја донесе Надзорниот одбор на Националниот институт за социјално осигурување.

Дел од српската опозиција ќе ги бојкотира претстојните избори во Белград

Рокот за поднесување изборни листи за изборите во Белград на 2 јуни истече на полноќ, а дел од опозициските партии, обвинувајќи ја владејачката партија дека не создава фер изборни услови, решија да бојкотираат.

Рокот за поднесување изборни листи за изборите во Белград на 2 јуни истече на полноќ, а дел од опозициските партии, обвинувајќи ја владејачката партија дека не создава фер изборни услови, решија да бојкотираат, што значително ги намалува шансите на опозицијата да ја победи владејачката Српска напредна партија (СНС).

Во декември минатата година се одржаа избори во Белград, но тие ќе бидат повторени откако владејачката СНС не успеа да формира мнозинство од советниците во градското собрание и со тврдењата на опозицијата дека изборите биле украдени, меѓу другото, со миграција и носење гласачи надвор од Белград.

На предлог на дел од парламентарната опозиција изменет е Законот за единствен избирачки список, со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса, а ограничувањето важи за периодот од 3 јуни 2023 година до 3 јуни годинава.

Но, не успеа кампањата на граѓанските организации и опозицијата за отстранување на името на српскиот претседател од избирачкиот список на СНС, кој формално поднесе оставка од партијата во мај минатата година.

Името на Вучиќ беше на списокот на декемвриските парламентарни избори и на претстојните белградски и локални избори, иако тој не бил и не е кандидат за ниту една функција, што опозицијата и експертската јавност го сметаат за прекршување на уставните и законските норми.

Градскиот изборен комитет во Белград уште еднаш ја прифати листата на СНС со името на Вучиќ, а такви листи се поднесени и за локалните избори што ќе се одржат на 2 јуни во уште 64 општини и градови низ Србија.

притисни ентер