Американци чувале три деца заедно со 245 животни во куќа од хорор филм (ВИДЕО)

Завчера полицијата во градот Еџватер во Флорида наишла на страшна глетка во семејна куќа.

При контролата , откако добиле пријава за можно лошо постапување кон малолетни лица, полицијата наишла на три занемарени деца , кои живееле заедно со 245 животни. Полицијата објави фотографии на својата фејсбук страница на која се гледа дека ниту децата , ниту животните не биле правилно згрижени.

Во куќата наишле на мртов заморец во кафез, скапана храна , измет и отпадоци од животните.

Мелиса Хамилтон, Грег Нелсон и Сузан Нелсон се соочуваат со обвиненија по три точки за злоупотреба на деца и 66 точки за суровост кон животните. Социјалните служби ги преместиле малолетните деца, на возраст од 8, 9 и 10 години, а потоа ги предале на одговорен член на семејството, а животните биле однесени во засолниште за животни Едгетер.

Семејството имало четири кучиња, две мачки, десет заморчиња, 12 зајаци, четири хрчаци, десет златни качувачи, 14 птици, гекони, желка, еж, седум брадати агами, леопард, 95 глувци и 83 стаорци во куќата.

Фотографиите направени од полицијата покажуваат измет на подот во спалната соба и валкани душеци, валкан фрижидер со расипана храна и расфрлано сено и кафези низ целата куќа.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер