Американците избраа најдобри евтини автомобили за 2019

Доколку купувате нов автомобил ви се чини како невозможна мисија, треба да знаете дека меѓу некои нови модели навистина постои многу добар избор.

Познатиот автомобилски портал Мотортренд објави список на најдобри автомобили од оваа категорија кои, според нивно расудување, ќе бидат најдобрите модели за следната година.

Нивниот список вклучува автомобили кои нема да надминат 20.000 американски долари со основна опрема, но сметаат дека некои од овие автомобили може да бидат поскапи или поевтини од сегашните цени.

Киа Форте

Се проценува дека овој автомобил ќе чини околу 18.715 долари. Иако оваа за оваа серија имаше големи очекувања во 2019 година, ќе се согласите дека новитетот со 8-инчниот екран, со можност за користење Android и Apple CarPlay, е голем чекор напред во понудата што ја нуди овој производител како основен пакет. Четирицилиндричен мотор од 147 КС и шестстепениот мануелен менувач се само дел од она што овој модел го нуди. За дополнителни 800 УСД, добивате автоматски менувач што ќе ја задржи потрошувачката на гориво под 7 л / 100 км.

Киа Соул

Цената на овој модел треба да биде околу 18.500 американски долари. Ако сте обожавател на SUV, овој модел може да биде нова прифатлива инвестиција. Предниот погон нуди автоматски систем за сопирање при итни случаи, но само ако одлучите да купите еден од поскапите модели. Оваа безбедносна карактеристика му недостасува на LX, но основниот модел нуди повисока позиција за седење од многу други автомобили во овој опсег на цени, со Apple Carplay и Android Auto функција. Додавање на автоматски менувач на овој модел ќе треба да се плати дополнителни 1500 американски долари, според порталот Motortrend.

Шевролет Соник

Неговата цена со основна опрема ќе биде околу 17.600 долари. Ако Chevrolet Spark од 98 КС не ги задоволува вашите потреби, тогаш овој посебен модел може да биде ефтин автомобил што ќе го засакате. Овој турбо модел со 138 КС , има шестстепен автоматски менувач. Покрај својот седан изглед (како и поголема моќност од Спарк), со повеќе опремена верзија на овој модел добивате и седум-инчен екран на допир, како и функција за Android Auto. Сепак, за разлика од Спарк, најевтиниот автомобил на пазарот, се карактеризира со поголема просечна потрошувачка на гориво.

Хонда Фит

Овој модел ќе биде достапен за нешто повеќе од 17,000 американски долари, а со минатогодишната редизајнирана верзија, ќе го добиете најдоброто од сите редизајнирани во 2019 година, според овој американски мото портал. Иако Fit е ефтин, мал автомобил, неговата внатрешност е далеку попространа отколку што изгледа. Автоматскиот менувач ќе ве чини дополнителни 800 долари над стандардниот шестстепен мануелен менувач, но без оглед на тоа, овој модел е дефинитивно еден од најопремените автомобили во овој опсег на цени. За верзијата што ја има Apple Car Play и Android Auto, ќе треба да се доплати 1.300 американски долари, додека за дополнителни 1900 американски долари можете да добиете X верзија со напреден систем за безбедност кој вклучува автоматски систем за сопирање и некои други додатоци како можност за отклучување на автомобилот.

Киа Рио

Овој модел е еден од најдобрите автомобили за својата цена, така што не е изненадување што нејзината изменета верзија повторно ќе биде во елитното друштво, а следната година ќе можете да си дозволите нова за 16.675 долари. Новиот мотор со 120 КС е послаб од претходниот, но ќе биде доволно и да ги задоволи потребите на оние кои одлучуваат да купат нов Рио во 2020 година. Овој портал наведува дека автоматскиот менувач е веќе вклучен во основниот пакет. Motortrend проценува дека сè уште не возеле нов Рио со ваков пренос, но дека не се воодушевени од сличното решение што Киа го понуди со својот модел Форте. Исто така, треба да се спомене дека Рио следната година ќе се продава како помал потрошувач на гориво, но и модел што ќе може да користи дополнителни функции како Apple Car Play и Android Auto.

Меѓу автомобилите што заслужуваат внимание во оваа категорија се моделите Toyota Yaris и седанот Hyundai Accent.

Nissan Versa, Mitsubishi Mirage, како и редизајнираниот Chevrolet Spark, која чини нешто помалку од 14.000 долари, го најдоа своето место меѓу евтината елита на американаската листа на топ 10 за 2020 година.

Најевтини автомобили во Америка без вклучени попусти:

Kia Forte - $18,715

Kia Soul - $18,535

Chevrolet Sonic - $17,595

Honda Fit - $17,120

Kia Rio - $16,675

Toyota Yaris - $16,555

Hyundai Accent - $15,925

Nissan Versa - $15,625

Mitsubishi Mirage - $14,990

Chevrolet Spark - $14,095

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора соопштуваат дека се изненадени .

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија.

Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето со извештаите кои ги доставува до Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии создава хаос и забуна, дека не ги зема во предвид сите аспект на осигурителниот бизнис, влијае на Комисијата при Министерството за финансии и креира погрешна слика за реалноста на цените за авто осигурување.

Членките на Групацијата истакнуваат дека Македонија се стреми да стане членка на Европската Унија, но амбиентот за работа на компаниите и начинот на донесување на одлуките влеваат несигурност во работењето на компаниите.

- Македонија е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа сеуште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите, се посочува во соопштението на Комората.

Од Стопанската комора потенцираат дека со донесената Одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100 отсто државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова, како што посочуваат, се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија.

Демократи: Нема веќе како до сега

Криминалните партии и за оваа кампања и избори се прават како и до сега - ветуваат ридови и долини, лажат и манипулираат - демек меѓу себе се критикуваат и расправаат, а од позадина се договараат и прават се исто - како и до сега! 

Сакаат пак да ни ги исперат мозоците, да ни ги изманипулираат емоциите, пак да гласаме за нив и пак исто да владеат и да не крадат - како и до сега!

Нема никаква разлика од порано:

- СДС ќе не внесува во ЕУ, ама ќе си мести тендери и ќе ги краде европските пари - како и до сега!

- ДРПНЕ ќе не брани од лошите бугари, и ќе не одбрани како што не одбрани од лошите грци, од промената на името Македонија, од терористите 2001 г, од територијалната прераспределба... И ќе си краде, пере и рекетира буџетски пари од општините и од буџетот - како и до сега!

- ДУИ ќе се бори за правата на албанците во Македонија и регионот, на штета на државните интереси и буџетот, ќе се бори за што повеќе институции да водат албанци и ќе си местат тендери и перат пари, а државата ќе пропаѓа и албанците ќе се иселуваат - како и до сега!

- И сите тие ќе си прават затворени изборни листи и ќе ги рангираат кандидатите според спремноста да крадат за партијата и да ги чуваат криминалните партиски тајни, нема да дозволуваат да се промени изборниот закон и да се воведат отворените листи, и ќе си ги прават истите изборни измами и криминали - како и до сега!

Епа нема веќе да биде како до сега - доаѓаме ние ДЕМОКРАТИ, и правиме политичка револуција!

На овие избори ние граѓаните имаме можност и опција да гласаме за партија која ја разбива оваа политичка мафија, овие крвници и душмани на граѓаните и државата - и затоа сега сите ќе гласаме за ДЕМОКРАТИ!

Ние ДЕМОКРАТИ, заедно со граѓаните, сме хероите на денешното време - бидејќи само ние се бориме за итно воведување на отворените изборни листи, и со нив за враќање на државата и власта на граѓаните!

Ние ДЕМОКРАТИ не се плашиме од заканите на политичките криминалци, и со граѓаните херојски ќе одолееме на сите притисоци, манипулации, закани и уцени.

На избори, смело и одлучно, сите граѓани гласаме за себе, за нашите семејства и деца, за Македонија, за иднината - и за 16 ДЕМОКРАТИ!

И така по изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега, ќе ги сузбиеме криминалот и корупцијата, ќе се почитуваат и спроведуваат законите, и со ДЕМОКРАТИ и отворените листи - на сите во Македонија незапирливо ќе ни тргне на подобро!

ДЕМОКРАТИ: ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Родителите на децата со посебни потреби водат живот што може да го разберат само оние кои тоа го доживеале или имаат такви семејства во нивната непосредна околина каде живеат.

Живот полн со одрекување и жртвување со дете кое не може самостојно да обавува некои основни дневни потреби како одење во тоалет, облекување, не може само да јаде храна, често не комуницира или има комбинирани психомоторни проблеми.

Како пријател на повеќе такви родители потполно ја разбирам суштината на темата, едниот родител тешко може да воспостави работен однос и притоа да се грижи за своето дете, тоа е како секогаш дома да има мало бебе, тоа е особено тешко по навршувањето на 25-та година од детето, кога престануваат сите организирани училишни и воннаставни активности за овие деца и оттогаш тие практично се насочени исклучиво кон нивните семејства. Поради неможноста истовремено да се работи и да се грижи за дете, често тие семејства што имаат дете со посебни потреби се сиромашни и во немаштии.

РЕШЕНИЕТО за статусот на родители на деца со посебни потреби е донесување на закон „родител - негувател“ со кој државата би можела да обезбеди плата за еден родител согласно слични решенија кои ги имаат развиените европски земји и некои земји во нашата околина. Ваков еден закон треба да биде усвоен во Собрание на Македонија.

Ниту една влада во Македонија досега нема донесено ваков закон, а тоа им оди на душа на сите претходни влади и никогаш до собрание не стигнал еден таков предлог.

ДЕМОКРАТИ нудат квалитетен предлог-закон „родител - старател“.

Родителите на децата со посебни потреби треба да знаат дека тоа што немаат поддршка од државата каква што би требало да имаат, можат само да им се заблагодарат на оние кои владеат со Македонија 33 години

кои немаа политичка волја да го решат ова прашање.

Апелираме на разумот и совеста (ако ја имаат) и повикуваме одма по формирање на идниот парламент (кој и да го формира) веднаш да влезе во процедура и прв приоритет да им биде овој закон и истиот да се донесе за доброто на сите семејства на деца со посебни потреби, се наведува во партиското соопштение.

Кина ја лансираше сондата, што ќе собира примероци од темната страна на Месечината (ВИДЕО)

Кина денеска започна двомесечна беспилотна мисија за собирање примероци од темната страна на Месечината, што е прв пат некоја земја да го стори тоа.

„Долгиот марш-5“, најголемата кинеска ракета, беше лансирана во 17:27 часот по локално време од центарот за лансирање Венчанг лоциран на јужниот остров Хаинан. Ја носи осумтонската лунарна сонда Chang'e-6.

Целта на сондата е да слета на темната страна на Месечината, онаа која секогаш гледа обратно од Земјата, каде што ќе собира примероци.

Ова лансирање е нова пресвртница во вселенската програма на Кина.

„За нас е малку мистерија како Кина успеа да развие толку амбициозна и успешна програма за толку краток временски период“, рече Пјер-Ив Меслин, француски научник кој работел на една од научните цели на мисијата.

Претходната мисија Chang'e-4 во 2018 година беше првото вселенско летало без екипаж што слета на темната страна на Месечината, а во 2020 година Chang'e-5 врати примероци од сателит на Земјата за прв пат по 44 години.

Мисијата лансирана денеска би можела да биде првата што ќе донесе примероци од далечната страна на Месечината, пишува Ројтерс.

притисни ентер