Андоновски: Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и во време на епидемија работи незаконски, бараме оставка од Лидија Димова

Предупредувавме за сомнителни тендери од стотици илјади евра за саморекламирање на Агенцијата, доделување средства на едни исти организации, исплати кон лица блиски на СДСМ и директорката Лидија Димова, како и бројни други нерегуларности.

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати изминатата година обелодени дека има незаконитости во работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е надлежна за распределба на фондовите на Европската унија во областа на образованието, мобилноста, како и невладиниот сектор – познати под името Еразмус+.

Предупредувавме за сомнителни тендери од стотици илјади евра за саморекламирање на Агенцијата, доделување средства на едни исти организации, исплати кон лица блиски на СДСМ и директорката Лидија Димова, како и бројни други нерегуларности.

Во време на криза, забележливо е дека Агенцијата повторно има незаконитости во работењето. Имено, директорката Димова пуленот на Заев од Шарената револуција навреме не поднела завршна годишна сметка до Централниот регистар. Со тоа, Димова не го испочитувала законски утврдениот рок за доставување на годишна сметка и финансиски извештај кој истекува во месец март. До минатата недела, институцијата се водеше како неактивна и може да уследи бришење од регистарот.

До нас, но и до сите државни институции викендов пристигнаа информации за огромни незаконитости и сомнително финансиско работење на Националната агенција. Затоа, јавно ја прашуваме Лидија Димова:

Дали годишната сметка не е поднесена во законски определениот рок затоа што од благајната на Агенцијата недостасуваат десетици илјади евра кои не може да се оправдаат? Дали постои Изјава дека лице блиско на Лидија Димова лично и неосновано ги зело парите од службената благајна, но за тоа сеуште нема никаква постапка во ниедна институција?

Дали Димова исплаќала експерти, нејзини блиски соработници и активисти на СДСМ, кои воопшто не се појавувале на настаните организирани од Националната агенција?

Дали Димова набавила возила во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби? Дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во доцните ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ опоменуваше и за илјадниците евра кои биле префрлани на едни исти организации, на спорни тендери и на луѓе блиски до СДСМ. Алармиравме и за над 100.000 евра исплаќани на агенции за промоција, без одржување на тендер во четири очи. Информиравме за недозволени консултанти кои наплаќаа провизија, како и за вработувања на блиски лица до директорката Лидија Димова и Зоран Заев, како и од нејзината поранешна невладина организација. За жал, досега за ниеден од овие наводи нема одговор од ниедна од надлежните институции.

Граѓаните, во ова време на криза, заслужуваат одговори за недомаќинското и сомнително трошење на нивните пари и парите на граѓаните на Европската унија. Апелираме до сите институции, без одлагање да започнат постапки и да ја расветлат ситуацијата во Националната агенција, која наместо за пример стана срам во нашето интегрирање кон Европската унија.

Бараме итна оставка од Лидија Димова!

Стефан Андоновски

Укинат му е притворот на Жерар Депардје- две жени го обвинија за злоставување

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција.

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, за да му биде укинат притворот доцна попладнево, соопшти париската полиција.

Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на две различни снимања.

Првиот пат во 2014 година, за време на снимањето на филмот „Волшебникот и сијамските близнаци“ на Жан-Пјер Моки, а вториот пат во 2021 година, за време на снимањето на „Зелените прозорци“ на Жан Бекер, пренесува парискиот дневен весник Фигаро.

Првата жалба ја поднела дваесет и четиригодишна помошничка на филмски сет во 2014 година.

Битиќи од Куманово: Со мултикултурализам,повисоки плати и пензии ќе го поразиме национализмот

„На парламентарните избори на 8-ми мај се одлучува за иднината на државата, Македонија е во прашање.“

„Ако дозволиме национализмот повторно да се врати, тогаш ќе се соочиме со унгарско сценарио, со изолација, враќање назад во грдото минато кога имавме заробена држава и поделено општество. Тоа е едната опција, а другата е патриотска, која нуди иднина за нашите млади и повисоки плати и пензии за граѓаните“, порача на денешните средби со жителите Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи истакна дека национализмот на ВМРО-ДПМНЕ е закана за ткивото на општеството, тој е опасност за европските перспективи на државата.

„ВМРО ДПМНЕ планира да го блокира напредокот кон ЕУ и со тоа да ја уништи надежта за подобра иднина, сакаат да стават крај на слободата на медиумите и повторно целосно да го узурпираат судството. За да го сокријат својот криминал и корупција нема да ги поштедат и меѓуетничките односи. Нив не ги интересира соживотот, немаат толеранција кон различните, во нивниот свет секој кој не е како нив е исклучен и дискриминиран“, рече Битиќи.

Меѓу другото, тој пред кумановчани повика на обединување на сите прогресивни сили, сите да застанат едни покрај други против ВМРО-ДПМНЕ, противникот на прогресот на државата.

„СДСМ е силна партија, подготвена да се бори за граѓаните и да ги обедини демократските гласови околу европската идеја. Нашата програма вклучува мерки за подобар живот, за соживот, за членство во ЕУ до 2030 година. Нашата програма е патриотска, а не националистичка, затоа што ние сме за повисоки плати и пензии, за мир, толеранција и меѓусебно разбирање,“ рече Битиќи.

Зборувајќи за изборната програма на СДСМ, Битиќи потсети дека патриотизмот на партијата може да се согледа во ветувањето граѓаните во наредните четири години да имаат рекорден износ на плати од 1.100 евра, додека минималната плата ќе биде 600 евра.

„Во нашиот патриотизам има место и за највозрасните, минималната пензија ќе изнесува 20.000 денари, додека просечната ќе се зголеми на 30.000 денари. Не се откажуваме ниту од младите, по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, а тоа што го ветивме на економски план изминатите 7 години, тоа и го остваривме“, рече Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Костадиновска – Стојчевска: Изборите не се завршени, ја сфативме пораката на граѓаните

Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Костадиновска- Стојчевска, на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, кажа дека изборите не се завршени.

Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Костадиновска- Стојчевска, на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, кажа дека изборите не се завршени и дека граѓаните испратиле порака во првиот изборен круг, но дека СДСМ како сериозна партија ја сфатил пораката.

„Изборите се уште не се завршени нас, имаме втор круг од претседателските избори и имаме парламентарните избори на 8 мај, што значи дека ништо не е завршено. Секоја порака која што ја праќаат граѓаните сериозно ја примаме, сериозно ја сфаќаме и ја земаме во предвид затоа што ние секогаш сме биле партија на страна на граѓаните. Во ниту еден момент не го изгубивме тлото и не работиме за тесни интереси, напротив, и претходната изборна програма, и новата програма за следниот мандат во центарот ги става граѓаните“- изјави Костадиновска- Стојчевска.

Таа ја потврди поддршката за претседателот Стево Пендаровски, како политичар кој ги дели социјалдемократските вредности и државните интереси. Очекува двојна победа затоа што граѓаните на 8 мај имаат голема шанса да изберат европска и просперитетна држава.

„Имаме реформулирање на пораките што ги праќаме до граѓаните, но главно остануваат големите резултати што ги постигнавме во изминатиот мандат и она што заедно ќе го направиме во иднина. Она што го сфативме е дека секогаш кога работиме за доброто на државата, кога како приоритет ги имаме државните интереси и стратешките определби, тогаш носиме долгорочни одлуки и нормално е дека не може сите да бидат задоволни. Важно е дека најголем дел од тие одлуки за покажаа како исправни за напредокот на државата“- образложи Костадиновска – Стојчевска, во емисијата “Само вистина“.

притисни ентер