Анѓушев: ЕБОР е значаен финансиски партнер на земјата, продолжуваме со реализација на заеднички проекти

Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата и ЕБОР, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти. 

Тековните проекти што се спроведуваат со заедничка соработка на Владата на Македонија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои се однесуваат на регионално патно и енергетско поврзување, проекти од енергетскиот сектор, како и проекти за поддршка на малите и средни претријатија во земјата, беа тема на разговор наденешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и новоименуваниот директор на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, кој ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Анка Јоана Јонеску на 1 септември 2019 година.

Вицепремиерот Анѓушев, информираат од неговиот кабинет, му го честиташе преземањето на функцијата на Аранитаси и порача дека очекува соработката помеѓу Македонија и ЕБОР да продолжи да се одвива со воспоставената динамика, пред се за обезбедување на развојот на економијата и обезбедување на подобар живот за граѓаните.

Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата и ЕБОР, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти. Анѓушев подвлече дека поддршката од банката е значајна за реализација на енергетските проекти за подигнување на нивото на производство на електрична енергија од обновливи извори, стабилноста на електроенергетскиот систем, но и за изградба на експресните патишта Крива Паланка-граница со Бугарија и Штип-Радовиш, изградбата на железницата кон Бугарија и други проекти кои се изведуваат во соработка со банката.

Соговорниците се согласија дека соработката ќе продолжи со интензивна динамика, во насока на унапредување на поврзанoста во земјата и со соседните земји, во поглед на патна, железничка и енергетска инфраструктура, како и за унапредување на условите за водење на бизнис и обезбедеување на финансиски средства, особено за микро, малите и средните претпријатија.

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

притисни ентер