Анкета на ИПИС: Нема влез во ЕУ и НАТО без промена на уставното име

Мнозинството граѓани, односно 53,5 отсто сметаат дека не е можно Македонија да влезе во ЕУ и НАТО без промена на уставното име, покажуваат резултатите од третиот и последен дел од истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), што беше направено во периодот помеѓу 16 и 21 декември минатата година.

Според резултатите од анкетата, 27,5 од испитаниците сметаат дека постои таква можност, додека 19 отсто одговориле со не знам.

Од резултатите се гледа дека 38,2 отсто од граѓаните би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, 47,1 отсто не би прифатиле промена, додека 14,7 отсто одговориле со не знам.

Четириесет и девет отсто од испитаниците сметаат дека спорот со Грција за името може да се реши набрзо, 27,9 сметаат оти брзото решение не е можно, додека 23,1 одговориле со не знам.

Мнозинство од испитаниците, односно 57,6 отсто ја поддржуваат иницијативата на Владата за подобрување на односите со Грција, што е мало намалување во однос претходното истражување на ИПИС од март 2016, кога таа поддршка изнесувала 58,8 отсто. Резултатите покажуваат дека 23,2 отсто не ја поддржуваат владината иницијатива, додека 19,2 одговориле со не знам.

На прашањето колку е важно спорот со името да се реши веднаш 60 отсто сметаат дека е мошне важно, 17,5 донекаде важно, 9,7 донекаде неважно, 6,4 дека воопшто не е важно, а 6,4 отсто одговориле со не знам.

Повеќето анкетирани, односно 42,6 отсто сметаат дека спорот со името би можел да биде решен до крајот на 2018 година, 32,7 отсто одговориле со „не“, а 24,7 се изјасниле со „не знам“.

Резултатите покажуваат дека 25,6 отсто од анкетираните одговориле дека Македонија може да добие покана за прием во НАТО и да ги почне преговорите за членство во ЕУ оваа година, 22,7 одговориле оти не знаат кога тоа би се случило, 19,3 се определиле за 2020, 13,5 за 2019, 8,6 за периодот од 2021 до 2025, 6,9 сметаат дека тоа нема да се случи никогаш, а 3,3 по 2025.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1.113 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија, а во кое граѓаните ги изразуваа своите ставови за соседните држави, односите со Грција, спорот за името и македонските евро-атлантски интеграции.

Анкетата е направено во соработка со Универзитетот Колумбија од Њујорк, преку проект финансиран од норвешката Влада. /МИА

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.

Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава.

- Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран. Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С, велат од УХМР.

Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово.

-Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 mm беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 cm беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот, нагласуваат од УХМР.

Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава. /МИА

Извршена ларвицидна дезинсекција на територија на општина Илинден

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. 

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ– Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.

Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Општина Илинден

Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција.

Моето лично мислење е сосема јасно дека земјите членки не треба да присуствуваат на инаугуративната церемонија за новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка.

- По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел.

Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд.

- Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата.

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција. /МИА

притисни ентер