Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто

Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден во просек изнесуваше 38,7 отсто во текот на неговиот 13-ти квартал на функцијата, според неодамнешното истражување на јавното мислење на Галуп.

Во првиот квартал од 2024 година, Бајден (81) доби поддршка од 38,7 отсто од анкетираните, три отсто помалку од поддршката што ја имаше претседателот Џорџ Буш постариот. во истиот период од неговиот мандат, пренесува „Њујорк пост“.

„Околу шест месеци пред изборите, Бајден е во послаба позиција од кој било претходен претседател“, заклучија анкетарите на Галуп.

Истото истражување покажува дека поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се натпреварува со Бајден за втор мандат во Белата куќа, добил поддршка од 46,8 отсто од анкетираните.

Њујоршкиот дневен весник наведува дека и двајцата (непопуларни) претседатели Никсон и Картер имале поголема поддршка од Бајден, со 53,7 отсто, односно 47,7 отсто, додека претседателот Двајт Ајзенхауер имал најголема поддршка во последните 70 години со дури 73,2 отсто.

Резултатите од анкетите на Галуп за јавна поддршка на американските претседатели, кои се спроведуваат од почетокот на мандатот на Ајзенхауер во 1952 година, се силен показател за успех за кандидатите кои сакаат да добијат втор мандат во Белата куќа, според „Њујорк Пост“.

Историски гледано, секој претседател во изминатите седум децении со поддршка над 50 отсто успеал да добие втор мандат, освен Барак Обама кој победи во 2012 година со 46 отсто поддршка на шест месеци пред изборите.

Стив Бушеми нападнат со тупаница во центарот на Менхетен

Американскиот глумец Стив Бушеми се наоѓа во болница во Њујорк откако бил нападнат од непознат маж во центарот на њујоршката општина Менхетен. Глумецот се чувствува добро и заздравува, соопшти неговиот гласноговорник.

Бушеми (66) вчера бил удрен со тупаница во лицето од непознат човек. Нападот е означен како неиспровоциран акт на агресија. Напаѓачот побегнал, а полицијата трага по него.

Глумецот, инаку добитник на „Златен глобус“ е познат по улогите во филмовите „Пороците на Мајами“, „Касапски кучиња“, „Фарго“, „Големиот Лебовски“ и други.

Германската амбасада со честитки до Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога

Германската амбасада со честитки до Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател .

Германската амбасада упати честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија, оценувајќи го како „историски момент“.

- Историски момент: честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија! Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Сиљановска Давкова како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај.

Иванов најави зголемена пензија од 11 проценти за бугарските пензионери

- Ова е мое право и ќе го искористам, нема потреба некој да ме советува, истакна Иванов.

Министерот за труд и социјална политика на Бугарија, Ивајло Иванов на утрешната седница на Надзорниот одбор на Националниот институт за социјално осигурување ќе предложи зголемување на пензиите за 11 проценти од 1 јули, како што е усвоено од Националното собрание, јавија бугарските медиуми.

- Ова е мое право и ќе го искористам, нема потреба некој да ме советува, истакна Иванов.

Конечната одлука за тоа колку ќе биде покачувањето ќе ја донесе Надзорниот одбор на Националниот институт за социјално осигурување.

притисни ентер