Анкета: За распадот на СССР жалат 57 отсто од Русите

Повеќе од половина од Русите (57 проценти) жалат поради распадот на СССР, сведочат резултатите од анкетата на Левада-центарот.

Анкетираните лица со над 55 години најмногу жалат за распадот на СССР (86 отсто). Меѓу останатите анкетирани на возраст од 25 до 39 години тој процент изнесува 37.

29 отсто сметаат дека распадот на СССР бил неизбежен, а 53 проценти сметаат дека можел истиот да се спречи. /Извор: Руска реч/

Ковачевски: Македонските граѓани се суверенот кој одлучува како понатаму

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска граѓаните одлучуваат во кој правец ќе се движи државата и дека очекекува да донесат одлука која за државата ќе значи напредок и просперитет.

„Денеска македонските граѓани се суверенот којшто одлчува за иднината на државата. Нивниот глас денеска ќе ја определи иднината на државата во наредната декада. Ние во текот на изминатите повеќе од 40 дена ја презентиравме пред сите граѓани нашата програма за европска иднина, при што ги презентиравме сите предности на Македонија земја членка на ЕУ до 2030 година. На крајот на денот граѓаните ја имаат финалната одлука за тоа во кој правец ќе се движи државата, дали ќе биде држава којашто до 2030 година ќе стане земја членка на ЕУ со претседателот Пендаровски и со Коалицијата за европска иднина и СДСМ или повторно ќе се враќаме назад во едно минато време коешто го гледавме цела една декада во државата. Но, во секој случај очекувам граѓаните слободно да го дадат својот глас како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отвори преговори со ЕУ и очекувам да донесат одлука со којашто ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина и животен стандард којшто доликува на македонските граѓани и македонската држава“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Зиков во отворено студио на Канал 5: Овој ден беше круна на демократијата во Македонија

Во отвореното студиот на Канал 5 по повод двојните избори во Макеоднија, Љупчо Зиков нагласи дека партиите вечерва би требало да бидат достоинтвени и во победата и во поразот.

Тој очекува поздравување и честитање.

Зиков потенцираше дека овој ден беше круна на демократијата во Македонија.

Џафери: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. 

Премиерот Џафери, во изјава за медиумите посака мирен и фер изборен ден, во кој граѓаните ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.

„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.

Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата.“, изјави претседателот на Владата, Џафери, соопштуваат ор Владата.

притисни ентер