Арсовски: Кај некои директори уште домашните миленици останаа невработени

Непотизмот е појава во СДСМ која што уште повеќе се шири како се наближуваат изборите. 

Свесни дека ќе ги загубат изборите, функционерите на СДСМ дали на централно, дали на локално ниво си ги згрижуваат роднините во државната и јавната администрација.

Денеска трет ден по ред, ќе објавиме нови случаеви во моментално најголемото дувло на непотизам, Штип.

Денес ќе претставиме 3 нови случаеви на непотизам каде што главни носачи на епидемијата се директори на училиштата во Штип.

Очигледно е во Штип има единствено простор за вработувања и унапредувања највеќе за директорите на училиштата односно за нивните роднини.

Прв случај, директорот на средното училиште „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски си ја вработил сестра му во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Она што веќе и е познато на јавноста во Штип и на големо се зборува, а ќе се обелодени за неколку денови е тоа што истиот тој директор на средното училиште Дејан Доневски за неколку дена од сега ќе биде унапреден во просветен инспектор за цела Источна Македонија. Очигледно наменски ќе го добие она унапредување за да може да уценува просветни работници пред изборите.

Втор случај, директорот на средното училиште „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов ја вработил својата сопруга во основно училиште „Тошо Арсов“. Во истото училиште „Тошо Арсов“ беше вработена и сопругата на директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Трет случај, директорот на основното училиште „Ванчо Прке“, господинот Методи Папаров си ја вработил својата сопруга во ЈП Исар.

Четврт случај, директорот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, Трајче Димов си ја вработил ќерката во средното музичко училиште, а синот си го поставил за командир на Противпожарната единица во Штип. А, сопругата на синот, односно неговата снаа ја вработил во Хигиенскиот завод во Штип. Очигледно овој директор му е сериозна конкуренција на претседателот на Совет, Јане Миланов по бројот на вработување. Очигледно и кај него останале уште домашните миленичиња невработени.

Непотизмот во Штип нема крај.

Заев ветуваше јавно дека сите што ја искористиле својата положба и своето влијание за да вработат или унапредат свој близок во државната или јавната администрација ќе се погрижи да се повлечат од своите места.

Додека младите ни се иселуваат, додека луѓе не можат да најдат работа, СДСМ продолжува да вработува цели фамилии на нивните функционери.

Уште еднаш апелираме до антикорупциската комисија, да се разгледаат и овие последни случаеви на непотизам и да се постапи согласно процедурите.

Одговорност за се мора да има и ќе има. И тоа доколку не се случи сега кога е СДСМ на власт, ќе се случи веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ после изборите на 12-ти април.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Олена Зеленска - Најсилното дипломатско оружје на Киев

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, првите месеци од руската инвазија на Украина ги помина далеку од центарот на вниманието. 

Нова.рс

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, првите месеци од руската инвазија на Украина ги помина далеку од центарот на вниманието. Меѓутоа, во последните месеци таа стана вистинско дипломатско оружје во рацете на Киев. Олена беше таа што ја предводеше делегацијата на Украина на многу патувања во странство, особено во САД. Таа се појави на насловната страница на магазинот „Вог“, но носеше и доверливо писмо напишано од Владимир Зеленски до Си Џинпинг.

Посета на Белград

Во библиотеката на градот Белград, Зеленска го посети археолошкиот локалитет со изложбата „Римска сала“, како и „Украинската полица“, катче од библиотеката со украински книги што е основано под нејзино покровителство. Таа имаше можност да ги види и белградските четири евангелија од 16 век, првата книга отпечатена во Белград.

Тамара Вучиќ и Олена Зеленска ги посетија паркот Калемегдан и белградската тврдина. Во присуство на сопругите на претседателите на Србија и Украина, во Ректоратот на Универзитетот во Белград беше потпишан договор за научна, образовна и културна соработка меѓу Универзитетот во Белград и Националниот универзитет во Киев „Тарас Шевченко“.

Фотографирање за „Вог“

Зеленска се најде во центарот на светското внимание по фотосесијата за популарниот магазин „Вог“. Иако во тоа време беше мета на критики, бидејќи за време на војната учествуваше во фотографирање, многумина веќе видоа дека таа станува се поважна личност на светската сцена.

Фотографирањето за глобален медиумски бренд, што привлекува внимание, е паметен потег на Зеленска, чија земја исто така е вовлечена во информативна војна со Русија.

Битката за глобалното мислење е еден од најважните фронтови во руско-украинската војна. Способноста на Украина да се брани во голема мера зависи од континуираниот прилив на западно оружје и пари, што може да се обезбеди само ако јавното мислење ширум светот остане цврсто на страната на Украина.

Русија добро го знае тоа и активно работи на информативниот фронт за да ја поткопа решителноста на Западот. Дури и најгласните критичари мораа да признаат дека портретите на украинската прва дама за „Вог“ привлекоа големо внимание. Ова беше постигнато без прибегнување кон сензационализам.

Зачестените јавни настапи и дозволија на Олена Зеленска да покаже дека е многу повеќе од сопруга на претседателот. Таа ја искористи платформата што и беше дадена за да привлече внимание на ситуацијата во нејзината земја.

„Првата недела по избувнувањето на војната, бевме само шокирани. По Буча сфативме дека тоа е војна чија цел беше да не истреби сите. Војна за истребување“, рече таа.

Како сопруга и мајка која отсекогаш била повлечена и не сакала да се појавува на јавни настапи, таа сега ужива степен на автентичност и популарност каков што малку политичари можат. Ова ѝ овозможува да допре до публиката која веројатно нема да се вклучи со потрадиционални политички пораки. Таа сега целосно го користи овој кредибилитет за да ја сподели приказната за Украина со надворешниот свет.

Пораки до официјални лица

Бидејќи Зеленски воопшто не ја напушти земјата на почетокот на инвазијата, неговата сопруга стана личност со најголема доверба, која им пренесува пораки на светските претставници, како што се американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот Си Џинпинг.

Зеленска е добредојдена гостинка во Вашингтон, каде што секогаш е топло пречекана од Џозеф и Џил Бајден. Покрај тоа, таа минатата година заврши важна дипломатска мисија за Украина.

Таа во 2023 година не отиде во Давос само за да присуствува на годишниот Светски економски форум и да одржи говор за тешката ситуација во нејзината земја. Тогаш нејзиниот сопруг Владимир Зеленски ѝ ја довери задачата да му однесе писмо на кинескиот претседател Си Џинпинг во кое ги содржи условите на Украина за преговори со Русија и завршување на војната.

Шокантни признанија

Со оглед на тоа што во последните месеци често дава интервјуа за бројни светски медиуми, често зборуваше за ситуацијата во Украина, но и низ што поминува нејзиното семејство.

„Ова можеби звучи себично, но ми треба сопруг, а не историска личност да биде покрај мене“, рече таа.

Таа изјави и дека семејството Зеленски не поминува многу време заедно.

„Но, ние се држиме, имаме сила и емотивно и физички. Сигурна сум дека ќе се справиме со тоа“, додаде таа.

Таа објасни дека нејзиниот сопруг не живее со семејството, но дека се гледаат, иако не толку често колку што би сакале.

„На син ми му недостасува татко му. Ме боли кога гледам како моите деца не планираат ништо. Нашата ќерка има 19 години. Нејзините врсници фантазираат за патувања, за нови искуства, емоции. Таа нема таква можност“, изјави Олена Зеленска.

Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија

Неексплодирана рачна бомба била пронајдено вчера на улица во Демир Капија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното од Регионалниот ЦУК - Велес, во 13.05 часот на 112, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата „Партизанска“ број 1 во Демир Капија.

- Од ЦУК веднаш се информирани ПС - Неготино и ДЗС - Неготино, ДЗС - Гевгелија. Во 16.15 часот, опасното неексплодирано убојно средство е безбедно подигнато, отстрането, од страна на пиротехничар, појаснуваат од ЦУК.

ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес

Регионалниот ЦУК - Битола информира дека од страна на Армијата - единици од Прилеп, денеска од 08:30 до 15 часот, на стрелиштето „Леково“ ќе се реализира бојно гаѓање. 

За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Се предупредуваат сите лица кои доколку по завршувањето на гаѓањето, пронајдат неексплодирани зрна, односно проектили, да не ги фаќаат и за истото да се јават на 112 во ЦУК или МВР и командата на касарна Прилеп, појаснуваат оттаму.

Од ЦУК апелираат и на голема внимателност поради локални нагли метео-промени, особено при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Изминатото деноноќие, како што е соопштено, евидентирани биле пожари на отворено во Кавадарци и во Велес.

- Велешките пожарникари гаснеле запалена ниска вегетација во градскиот парк во Велес, а пожарникарите од Кавадарци гаснеле неколку дрвја во близина на патот за село Ресава, додаваат оттаму.

притисни ентер