Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“, но со норма „А“ за ЗОИ во Пјеонгчанг

Првиот натпреварувачки ден на меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“ што се одржува на падините на Бистра, ги донесе трките во 10 километри во машка и 5 километри во женска конкуренција.



Во машката трка на 10 километри, одржана на патеката „Мирна долина“ најбрз од 25-мината натпреварувачи кои стартуваа беше Хрватот, Еди Дачиќ, кој оваа делницата ја мина во време од 19:47.0 минути, пред Србинот, Дамир Растиќ и Младен Плакаловиќ од БиХ.

Македонскиот репрезентативец Дарко Дамјановски, кој имаше време 20:44.5 минути или 57.5 секунди заостанување зад победникот, го освои четвртото место, но она што е позначајно тој со освоените 90 ФИС-точки, ја оствари целта, односно обезбеди „А“ норма за настап на Олимпијадата во Пјеонгчанг.

Кај жените на патеката од 5 километри најбрза беше Дејана Косарац од БиХ со време 12:27.8 минути, нејзината сонародничка Сања Кусмак, а место на пиедесталот избори нашата натпреварувачка Викторија Тодоровска која оствари резултат од 12:46.0 минути.

Утре повторно ќе има натпревари на 10 км кај мажите и на 5 км кај жените.

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер