ПСЖ собори рекорд во Лига 1, Мбапе подобри лично достигнување

 Иако Пари Сен Жермен допрва треба да ја обезбеди титулата во Лига 1, францускиот хегемон продолжува да испишува историја во својата домашна лига.

Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориен со 4:1 ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последователни натпревари, што до сега не го направила ниту една екипа во тамошниот шампионат.

Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога беа поразени со 1:3 од Монако. Претходниот подвиг му припадна на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од март 2005 до април 2006 година.

Големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, исто така се запиша и асистираше во мечот против Лориен, со што се искачи на 43 гола во сезоната и го подобри својот личен максимум во однос на постигнувањето голови во една сезона.

Парижаните во моментов имаат 11 бода предност пред второпласираниот Монако, а доколку победат на претстојниот меч против тимот од Ле Авр на 27 април (сабота) ќе ја обезбедат и титулата. /МИА

Фото: Исцрпениот Клуни во бело одело трча низ шума?!

Холивудскиот заводник, актерот Џорџ Клуни ги загрижи обожавателите. Во бел костум, видно исцрпен, трчаше низ шумата, што се случува, се прашуваат тие??

Фотографиите на еден од најпопуларните актери во светот, Џорџ Клуни, почнаа масовно да се споделуваат на интернет, а многу фанови на почетокот беа шокирани од неговиот изглед.

На фотките Клуни е видно исцрпен и трча низ шума во бел костум, а неговиот слаб изглед и збрчкано лице загрижија многумина.

Сепак, откриено е дека Клуни моментално снима филм со наслов „Ненасловен Ноа Баумбах“, во кој покрај него ќе се појави и Рајли Кео, внуката на славниот Елвис Присли.

Папараците успеле да се доближат до сетот, додека одредени сцени се снимале во шумата во англиската област Хемпшир, а токму таму го „уловиле“ и Клуни во бел костум како трча во шума во расеана состојба, за потребите на филмот, а потоа и разговор со актерката Ајла Фишер.

Иако со децении е еден од најубавите актери и долго време важеше за најпосакуван ерген, очигледно е дека годините го стигнале и Клуни.

Големиот заводник инаку Клуни денеска го слави својот 63 роденден.

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

притисни ентер