СДСМ со позитивна оценка за предлогот Анита Ангеловска-Бежовска да биде гувернер на Народната банка

СДСМ со позитивна оценка за предлогот на Иванов,  Анита Ангеловска-Бежовска да биде гувернер на Народната банка

СДСМ со позитивна оценка за предлогот на Иванов,  Анита Ангеловска-Бежовска да биде гувернер на Народната банка. Од владејачката партија велат таа е докажан експерт и професионалец и дека ја заслужува нивната поддршка. В понеделник на координација ќе го разгледале предлогот.  

“Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов. Лично сметам дека г-ѓа Ангеловска Бежовска, којашто е докажан експерт и професионалец во својата област ја заслужува нашата поддршка. На позицијата гувернер потребно е да застане човек кој ќе ја гарантира независноста на институцијата, кој ќе се грижи за развој и унапредување на банкарскиот систем и за финансиската стабилност на државата и кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на РМ“, Томислав Тунтев, координатор на пратеничка група на СДСМ.

Бежовска поддршка добила поради богатото искуство.

Таа докторирала на Економскиот факултет во Љубљана во 2015та година. Има работено како главен економист во Народната Банка од 2004 до 2010 година. Била ангажирана во Меѓународниот Монетарен Фонд во Вашингтон, а работела и на повеќе позиции во министерството за финансии.

Бежовска во моментов е вицегувернер. Мандатот и беше продолжен лани во септември од страна на мнозинството на овој пратенички состав со 97 гласа „за“.

Од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се уште немаат став за Ангеловска-Бежовска. Го разгледувале предлогот.

Доколку Бежовска биде избрана, Народната банка за прв пат во историјата ќе добие жена гувернер.

Мандатот на Богов истекува на 20 мај. Неофицијално, на 21 ќе биде седницата за избор на гувернер.

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Членовите на оваа комисија ќе ја разгледаат Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор./МИА

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка во посета на Македонија

Новоназначената генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу денеска престојува во работна посета на Македонија.

Брегу за време на посетата на Скопје е предвидено да има средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Пред почетокот на средбата предвидена е и прес-конференција на Османи и Брегу.

Мајлинда Брегу на почетокот на годинава ја презеде должноста генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка, извршно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија. Таа на функција дојде откако во април минатата година министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот, на самитот во Словенија.

Мајлинда Брегу е искусна политичарка од Албанија, поранешна министерка за евроинтеграции, која силно ја поддржува Европската унија.

Брегу функцијата ја презеде од Горан Свилановиќ, кој беше на чело на Регионалниот совет за соработка од 2013 до 2018 година, во два мандата./МИА

Обилни врнежи од снег се најавени за следната недела

Краткотраен спас од загадениот воздух најверојатно ќе дојде со промената на времето и најавениот ветер.

Од УХМР велат дека во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд на пониските и снег на  повисоките места и  планините.

Во втората половина од следната недела врнежите се очекува да бидат по обилни, прогнозираат синоптичарите.

притисни ентер