СДСМ со позитивна оценка за предлогот Анита Ангеловска-Бежовска да биде гувернер на Народната банка

СДСМ со позитивна оценка за предлогот на Иванов,  Анита Ангеловска-Бежовска да биде гувернер на Народната банка

СДСМ со позитивна оценка за предлогот на Иванов, Анита Ангеловска-Бежовска да биде гувернер на Народната банка. Од владејачката партија велат таа е докажан експерт и професионалец и дека ја заслужува нивната поддршка. В понеделник на координација ќе го разгледале предлогот.

“Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов. Лично сметам дека г-ѓа Ангеловска Бежовска, којашто е докажан експерт и професионалец во својата област ја заслужува нашата поддршка. На позицијата гувернер потребно е да застане човек кој ќе ја гарантира независноста на институцијата, кој ќе се грижи за развој и унапредување на банкарскиот систем и за финансиската стабилност на државата и кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на РМ“, Томислав Тунтев, координатор на пратеничка група на СДСМ.

Бежовска поддршка добила поради богатото искуство.

Таа докторирала на Економскиот факултет во Љубљана во 2015та година. Има работено како главен економист во Народната Банка од 2004 до 2010 година. Била ангажирана во Меѓународниот Монетарен Фонд во Вашингтон, а работела и на повеќе позиции во министерството за финансии.

Бежовска во моментов е вицегувернер. Мандатот и беше продолжен лани во септември од страна на мнозинството на овој пратенички состав со 97 гласа „за“.

Од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се уште немаат став за Ангеловска-Бежовска. Го разгледувале предлогот.

Доколку Бежовска биде избрана, Народната банка за прв пат во историјата ќе добие жена гувернер.

Мандатот на Богов истекува на 20 мај. Неофицијално, на 21 ќе биде седницата за избор на гувернер.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер