Што се „крие“ договорот со Грција?

Сложен договор, со многу „ако“  во него – ова е првиот впечаток што се одбива за договорот за името што го постигнаа премиерите Заев и Ципрас.

Верзијата на англиски јазик, која ќе биде единствената официјална, ја објавија грчките медиуми синоќа.

Договорот е распослан на 19 страници, има 20 члена, поделени во преамбула и 3 поглавја.

Дефинирањето на името, употребата, именувањето на јазикот и државјанството, како и кодовите се дефинирани со членот 1 став 3, кој има 8 потточки.

Се е познато, па така тука само ќе повториме:

Она што не е сосема јасно од договорот е до каде ќе оди внатрешната употреба.

Премиерот Заев не беше прецизен во одговорот дали ќе треба да се сменат имињата на МАНУ, македонската опера и балет, македонската радиотелевизија.

Потточката Ф на членот 1, став 3 предвидува:

придавската одредница на државата, за нејзините официјални органи, и други јавни субјекти ќе ја следат линијата на официјалното име на втората страна или нејзиното скратено име, кои се „на Република Северна Македонија“ или „ на Северна Македонија“.

Ова остава простор да се толкува дека сите називи на институциите кои се основани или се во сопственост на државата да мора да го променат името.

Со членот 1 се дефинира и дека уставните измени треба да се направат до крајот на оваа година, а државата ќе има најмногу 5 години да ги промени сите официјални документи во јавната администрација кои се користат за меѓународна употреба, како и тие што се за внатрешна, а може да се користат и надвор, како што се дипломите.

Останатите, што се само за внатрешна употреба, ќе се менуваат постепено, до влезот во ЕУ.

Ставот 12 од членот 1, дефинира дека уставната измена ќе се направи со еден амандман, со кој истовремено ќе се смени името низ целиот текст на уставот.

Овој член открива и дека освен промена на членот 49 од уставот, кој се однесува на малцинствата, државата ќе треба да ги смени и преамбулата и членот 3 од уставот, кој се однесува на менувањето на границите. Како точно ќе треба да гласат, во договорот не пишува.

Најинтересни за јавноста се членовите 7 и 8 од договорот.

со членот 7 се објаснува дека двете страни различно ги сфаќаат термините „Македонија“ и „македонски“, во историски контекст и културно наследство.

Така, кога тие се користат за Грција. Овие термини не ја опишуваат само регионот и жителите на северниот дел од Грција, туку и нивните особини, како хеленската цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денес.

Кога пак се користат за Македонија, овие термини ја опишуваат

територијата, јазикот народот и неговите особини, како историјата, културата и наследството, различно од тоа што го поима Грција за овие термини.

-Втората страна забележува дека нејзиниот официјален јазик македонскиот јазик, е од групата на јужнословенски јазици.

Страните забележуваат дека официјалниот јазик и останатите особини на втората страна не се поврзани со античката хеленска цивилизација, историја, култура и наследство на северниот регион на првата страна – стои во ставот 4 од членот 7.

Членот 8 пак, дефинира дека во рок од 6 месеци откако договорот ќе стапи на сила, Македонија ќе треба да направи ревизија на спомениците, јавните градби и инфраструктурата и доколку тие на било кој начин се поврзуваат со античката историја на Грција, ќе преземе мерки и ќе ги коригира за да се обезбеди почитување на наследството.

Ставот 3 од овој член 8, предвидува во никаква форма да не се користи поранешното знаме со 16 кракото сонце, а во рок од 6 месеци да биде отстрането од сите јавни места и јавна употреба на територијата.

Ова не се однесува на археолошките артефакти.

Со ставот 4 пак, двете страни се обврзуваат да ја почитуваат стандардизацијата на обединетите нации за географските имиња и топонимите на територијата на другата земја, со давање на предност на употребата на ендонимите наместо егзонимите. ова значи дека во земјава ќе треба да ги прифати и употребува новите грчки имиња на селата и градовите во северна Грција.

Останатите членови од договорот предвидуваат соработка и зближување на различни нивоа, од дипломатско до безбедносно, економско, културно, научно, спортско и тн.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер