Што се „крие“ договорот со Грција?

Сложен договор, со многу „ако“  во него – ова е првиот впечаток што се одбива за договорот за името што го постигнаа премиерите Заев и Ципрас.

Верзијата на англиски јазик, која ќе биде единствената официјална, ја објавија грчките медиуми синоќа.

Договорот е распослан на 19 страници, има 20 члена, поделени во преамбула и 3 поглавја.

Дефинирањето на името, употребата, именувањето на јазикот и државјанството, како и кодовите се дефинирани со членот 1 став 3, кој има 8 потточки.

Се е познато, па така тука само ќе повториме:

Она што не е сосема јасно од договорот е до каде ќе оди внатрешната употреба.

Премиерот Заев не беше прецизен во одговорот дали ќе треба да се сменат имињата на МАНУ, македонската опера и балет, македонската радиотелевизија.

Потточката Ф на членот 1, став 3 предвидува:

придавската одредница на државата, за нејзините официјални органи, и други јавни субјекти ќе ја следат линијата на официјалното име на втората страна или нејзиното скратено име, кои се „на Република Северна Македонија“ или „ на Северна Македонија“.

Ова остава простор да се толкува дека сите називи на институциите кои се основани или се во сопственост на државата да мора да го променат името.

Со членот 1 се дефинира и дека уставните измени треба да се направат до крајот на оваа година, а државата ќе има најмногу 5 години да ги промени сите официјални документи во јавната администрација кои се користат за меѓународна употреба, како и тие што се за внатрешна, а може да се користат и надвор, како што се дипломите.

Останатите, што се само за внатрешна употреба, ќе се менуваат постепено, до влезот во ЕУ.

Ставот 12 од членот 1, дефинира дека уставната измена ќе се направи со еден амандман, со кој истовремено ќе се смени името низ целиот текст на уставот.

Овој член открива и дека освен промена на членот 49 од уставот, кој се однесува на малцинствата, државата ќе треба да ги смени и преамбулата и членот 3 од уставот, кој се однесува на менувањето на границите. Како точно ќе треба да гласат, во договорот не пишува.

Најинтересни за јавноста се членовите 7 и 8 од договорот.

со членот 7 се објаснува дека двете страни различно ги сфаќаат термините „Македонија“ и „македонски“, во историски контекст и културно наследство.

Така, кога тие се користат за Грција. Овие термини не ја опишуваат само регионот и жителите на северниот дел од Грција, туку и нивните особини, како хеленската цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денес.

Кога пак се користат за Македонија, овие термини ја опишуваат

територијата, јазикот народот и неговите особини, како историјата, културата и наследството, различно од тоа што го поима Грција за овие термини.

-Втората страна забележува дека нејзиниот официјален јазик македонскиот јазик, е од групата на јужнословенски јазици.

Страните забележуваат дека официјалниот јазик и останатите особини на втората страна не се поврзани со античката хеленска цивилизација, историја, култура и наследство на северниот регион на првата страна – стои во ставот 4 од членот 7.

Членот 8 пак, дефинира дека во рок од 6 месеци откако договорот ќе стапи на сила, Македонија ќе треба да направи ревизија на спомениците, јавните градби и инфраструктурата и доколку тие на било кој начин се поврзуваат со античката историја на Грција, ќе преземе мерки и ќе ги коригира за да се обезбеди почитување на наследството.

Ставот 3 од овој член 8, предвидува во никаква форма да не се користи поранешното знаме со 16 кракото сонце, а во рок од 6 месеци да биде отстрането од сите јавни места и јавна употреба на територијата.

Ова не се однесува на археолошките артефакти.

Со ставот 4 пак, двете страни се обврзуваат да ја почитуваат стандардизацијата на обединетите нации за географските имиња и топонимите на територијата на другата земја, со давање на предност на употребата на ендонимите наместо егзонимите. ова значи дека во земјава ќе треба да ги прифати и употребува новите грчки имиња на селата и градовите во северна Грција.

Останатите членови од договорот предвидуваат соработка и зближување на различни нивоа, од дипломатско до безбедносно, економско, културно, научно, спортско и тн.

Навремено и без проблеми почна изборниот процес во Прилеп

Гласањето во Прилеп почна навреме и тече непречено и без проблеми, потврдуваат од општинската изборна комисија. 

Своето право на глас денеска може да го остварат 62 169 избирачи за претседателските избори и 62 271 гласач на парламентарните избори.

-Точно во 7 часот се отворени 142-те избирачки места во Прилеп. Изборниот процес почна без проблеми. Гласачкиот материјал изборачките одбори навреме го подигнаа, изјави Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп.

Според првичните информации од комисиите, гласањето почна навремено и во Кривогаштани, Долнении во Крушево.

Во Крушево денеска може да гласаат 7 775 граѓани со прави на глас на претседателските или 7 795 избирачи на парламентарните избори кои гласачкото право може да го остварат на 22 гласачки места.

Во Кривогаштани на 13 избирачки места своето право на глас го остваруваат 4 428 гласачи за претседателските, а 4 434 избирачи се запишани во единствениот избирачки список за парламентарните избори.

Во Долнени денеска може да гласаат 11 730 жители со право на глас за претседателските, а 11 748 избирачи за парламентарните избори. Се гласа на 40 избирачки места.

Во Прилеп вчера правото на глас го остваруваа болните и немоќните, штитениците во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и осудениците во прилепскиот затвор. Од 455 болни, правото на глас го искористиле 430 за претседателските, а 432 граѓани за парламентарните избори. Во Домот за стари лица, од 68 запишани избирачи од 21 општина гласале 48, а во прилепскиот затвор од 104 осуденици со право на глас, за претседателските избори гласале 77, а за парламентарните 81 лице.

Познати се полуфиналните пресметки во ракометната лига на шампиони

Европската ракометна федерација (ЕХФ) со жрепка во вторникот вечер ги одреди полуфиналните дуели во Лигата на шампиони во машка и женска конкуренција.

Машкиот фајнлфор ќе се одржи во Келн во „Ланкснес арената“ на 8 и 9 јуни, а завршниот турнир во женска конкуренција ќе биде една недела претходно во Будимпешта.

Германски Кил ќе игра против шпанска Барселона, додека во второто полуфинале се среќаваат дански Алборг и германски Магдебург.

Во полуфиналето во женска конкуренција, данскиот Есбјерг ќе игра против унгарски Ѓер, а француски Мец против германски ББМ Битигхајм.

Петтата претседателска инаугурација на Владимир Путин значи повеќе од исто за Русија

Петтата претседателска инаугурација на Владимир Путин значи повеќе од исто за Русија со малку избор.

Скај Њуз

Терминот „инаугурација“ може малку да дава погрешна претстава. Впрочем, ова не му е прв пат.

Вчерашната церемонија беше петти пат Владимир Путин да положи заклетва како претседател на Русија, а тоа означува почеток на уште шест години на врвот.

Тој веќе е лидер со најдолг стаж на Кремљ по Јосиф Сталин, откако беше на власт речиси две и пол децении – 20 години како претседател, четири како премиер.

До крајот на овој мандат, само Екатерина Велика ќе биде пред него – таа владееше со Русија во 18 век.

Така, за некои, претседателот Путин може да се чувствува повеќе како Постојан Путин.

Има цела генерација која не живеела под никого друг.

Самата церемонија е раскошен настан, внатре во блескавата Голема палата Кремљ, „новиот“ лидер на Русија се заколна на лојалност кон народот пред илјадници гости.

Велика Британија планира да го зголеми производството на оружје за Украина и западната одбрана, бидејќи Лорд Камерон открива дека пратеникот ќе го надгледува „националниот приоритет“

Поранешниот холивудски акциски херој (а сега руски државјанин) Стивен Сигал и поранешниот канцелар на Германија Герхард Шродер беа меѓу познатите и ВИП-личностите на претходната инаугурација во 2018 година.

Сепак, многу работи се променија од тогаш.

Единственото прашање беше неговото ниво на поддршка. Официјално, тој освои 87 отсто од гласовите, што беше осудено од западните влади дека изборите не беа ниту слободни ниту фер.

Последното истражување, сепак, укажува на слична бројка. Според независниот центар Левада, моменталниот рејтинг на Путин е 85 проценти, што не е далеку од неговиот рекорд на сите времиња.

Делумно, тоа се сведува на „обединување зад ефектот на знамето“, вели шефот на Левада, Денис Волков, што Путин го користеше од неговата целосна инвазија врз Украина.

Но, има и други фактори – имено, замолчување на опозицијата.

„Ако не Путин, тогаш кој? е вообичаен одговор кога Левада ги спроведува своите анкети, вели Денис.

Згора на тоа, Кремљ има целосна контрола врз медиумскиот пејзаж.

Населението се храни со строга диета со известување со глорифицирање и вчера не беше поинаку.

Во текот на изминатата недела, главните канали објавуваа реклами кои ги повикуваат луѓето да го гледаат преносот од инаугурацијата.

Тоа е спектакл на кој Русија e навикната.

притисни ентер