Од 20 мај следната година меѓународната единица за маса веќе нема да се базира на ,,меѓународен прототип за килограм” – цилиндер од платина и иридиум , кој се чува во сефот на Меѓинародната канцеларија за мерки во Севрес во близина на Париз. Досегашната дефиниција на килограм потекнува од 1889 година и сите современи единици за маса се изведени од неа- од микрограми за лекови до тони за челик или цемент.
Проблемот со ,,меѓународниот прототип на килограм” е што нема секогаш иста тежина. Затоа научниците решија ,, меѓународниот прототип на килограм” да го дефинираат врз основа на Планковата константа , една од клучните константи , која го изразува односот во квантната физика меѓу енергијата и густината на честичките како што се фотоните.
Исто како што во 1967 редефинирањето на секундата помогна во подобрувањето на комуникациите во светот , научниците тврдат дека редефинирањето на килограмот ќе помогне во технологијата , трговијата и здравството.
Новата дефиниција е добиена со помош на апарат кој се нарекува ,,Киблеов механизам” , кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на некој предмет , користејќи прецизно измерена електромагнетна сила.
,,Денешната одлука претставува пресврт во дефинирањето на единиците во меѓубародниот систем” , изјави претседателот на Француската академија на науките, Себастиен Кандел.
Новата основна единица за маса ќе се нарекува ,,електроничен килограм”, кој сепак нема да донесе промени во секојдневниот живот.