„Можете да речете ‘злоставувани’, но тие деца беа возбудени што се таму“

Американската пејачка и актерка Барбара Стрејсенд се нашла на мета на остри критики поради изјавата во која ги релативизирала обвиненијата за сексуално злоставување на деца изнесени на сметка на Мајкл Џексон во документарецот „Lеаving Neverland”.

Стрејсен во интервју за британскиот „Тајмс“ изјавила дека апсолутно верува во она што го изјавила во филмот Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои го обвиниле кралот на попот дека сексуално ги злоставувал на својот ранч кога биле мали деца, но додала:

„Можете да речете ‘злоставувани’,но тие деца, како што и ги слушнавте самите изјавуваат дека биле возбудени што се таму. Двајцата се оженети, двајцата имаат деца, така да тоа искуство не ги убило“.

„Неговите сексуални потреби биле негови сексуални потреби, кои се производ на детството кое го имал или на неговата ДНК. Жал ми е за децата. Жал ми е за него" – изјавила Барбара Стрејсенд.

Пејачката смета дека и родителите на Робсон и Сејфчак им овозможиле на синовите да бидат злоставувани.

„Ги обвинувам родителите кои дозволиле нивните деца да спијат со него. Зошто на Мајкл би му требале деца облечени како него“ – запрашала Стрејсенд.

Нејзините изјави предизвикале лавина негативни коментари на социјалните мрежи, а се огласил и режисерот на филмот „Leaving Neverland”, Ден Рид.

„Не ги убило, дали навистина го изјави тоа Барбара Стрејсенд? Неговите сексуални потреби биле негови сексуални потреби. Дали педофилијата се толерира во делови од индустријата за забава? – запраша Рид на твитер.

Барбара Стрејсенд реагирајќи на критиките, се огласила преку пишана изјава во која навела дека не постојат околности во кои е во ред било кој да искористува деца.

„Приказните кои овие две момчиња ги раскажаа се болни и за нив имам само сочувство“ – истакнала американската пејачка.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

По балканската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите што на сцената на македонските филхармоничари неодамна ја изведоа со Камерниот оркестар АЈГА и диригентката Ана Спасовска, исклучителното дело изнедрено од македонската традиционална музика низ перото на нашиот композитор Панде Шахов, синоќа (25 април) ја продолжи својата благородна мисија на сцената на салата „Бугарија“ во бугарската престолнина, со еден од водечките оркестри во регионов, софиската филхармонија.

Како што соопштува „КултурОп“, квинтетот МАКЕДОНИСИМО настапи во оригиналниот состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, заедно со Софиската филхармонија, под палката на исклучителната млада диригентка Ана Спасовска, која го имаше своето деби со познатиот бугарски оркестар. Долготрајните аплаузи од софиската публика беа наградени со три изведби на бис, а посебно одушевување предизвика гостувањето на познатата бугарска певица Александра Борисова која им се приклучи на музичарите на сцена.

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

И додека следната квинтет-изведба на МАКЕДОНИСИМО е закажана за 9 јуни во Глазгов, Шкотска (како дел од резиденцијалниот циклус концерти на нашиот пијанист од светски глас со Кралскиот шкотски национален оркестар), Симон Трпчески до крајот на овој дел од сезоната го очекуваат и редовните концертни гостувања во САД, Велика Британија и Германија.

притисни ентер