Париски „Ле Монд" објасни зошто Франција го блокира проширувањето на ЕУ кон Балканот

 Проширувањето на ЕУ кон Балканот е блокирано од Париз, Берлин и Хаг, под овој наслов париски Ле Монд ја објаснува одлуката на 28-те земји членки за одложување на одлуката за преговори до октомври оваа година.

Македонија и Албанија, признати кандидати за влез во Европската унија, уште ќе чекаат, дури и ако вратата што се надеваа да се отвори оваа пролет требаше само да доведе до првите преговори. Франција, Германија и Холандија, во вторникот, 18 јуни, во Луксембург не го одобрија принципот за отпочнување на пристапни преговори, што би имало големо симболично значење за нив. Ова бара едногласност од дваесет и осумте земји членки на ЕУ, пишува париски „Ле Монд".

-Прашањето за проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западен Балкан останува прашање на поделби меѓу земјите-членки и тие можната одлука ја оставија до октомври. Истовремено усвојувајќи дваесет и две страници на заклучоци за проширувањето и предусловите за сите кандидати, пишува „Монд".

Во 2018 година, земјите кои беа против отворањето на преговорите повикаа на загриженоста во однос на корупцијата, борбата против организираниот криминал и почитувањето на владеењето на правото во Северна Македонија и Албанија. Меѓутоа, пред две недели, Европската Комисија даде позитивно мислење за овие прашања по проценката на напредокот што го постигнаа Скопје и Тирана.

Неодамна, претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер повика „да не се игра со овој трагичен регион", кој доживеа крвави конфликти, сепак, тој призна дека договор за старт на преговорите во Луксембург е неверојатен. Бидејќи националните парламенти мораа да одлучуваат, и бидејќи, како што рече тој, промената на позицијата на Франција и Германија е „невозможна мисија".

Бундестагот, всушност, сé уште не го одобри отворањето на преговорите, овозможувајќи им на колебливите земји-членки да се засолнат зад тоа. Холандскиот парламент ја отфрли идејата за каква било одлука за Албанија во 2019 година. Што се однесува пак до Франција, нејзината линија е: „Нема проширување без претходно зголемување на интеграцијата на Унијата. И без испитување во однос на нејзиниот „капацитет за апсорпција” и за стратегијата во однос на балканските земји: како да ги „поврзе” во Европа без притоа да им се ветува членство? – објаснува угледниот париски весник.

Притоа „Ле Монд" ја дава позицијата на Француската дипломатија. Нагласува дека најсилните поддржувачи на проширувањето се Унгарија, Полска и Италија, кои се предводени од популистички партии кои се залагаат за дезинтеграција или, во секој случај, слабеење на институциите на Е, и кои, исто како и Лондон порано, се залагаат за доаѓање на нови членки како корисна алатка за нивните цели.

Според „Ле Монд", поддржувачите на Скопје и Тирана побараа почеток на разговорите за пристапување и почитување на „кредибилитетот на политиката на проширување”. Тие, исто така, зборуваа дека тоа е „важен мотивирачки елемент за целиот регион” и за потребата ЕУ да ја зајакне отпорноста на овие земји на „негативен притисок од други актери”, алудирајќи, меѓу другите, и на Русија.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

По балканската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите што на сцената на македонските филхармоничари неодамна ја изведоа со Камерниот оркестар АЈГА и диригентката Ана Спасовска, исклучителното дело изнедрено од македонската традиционална музика низ перото на нашиот композитор Панде Шахов, синоќа (25 април) ја продолжи својата благородна мисија на сцената на салата „Бугарија“ во бугарската престолнина, со еден од водечките оркестри во регионов, софиската филхармонија.

Како што соопштува „КултурОп“, квинтетот МАКЕДОНИСИМО настапи во оригиналниот состав: Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, заедно со Софиската филхармонија, под палката на исклучителната млада диригентка Ана Спасовска, која го имаше своето деби со познатиот бугарски оркестар. Долготрајните аплаузи од софиската публика беа наградени со три изведби на бис, а посебно одушевување предизвика гостувањето на познатата бугарска певица Александра Борисова која им се приклучи на музичарите на сцена.

Меѓу присутните беа и бугарскиот министер за култура, прославениот диригент Најден Тодоров, како и македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

И додека следната квинтет-изведба на МАКЕДОНИСИМО е закажана за 9 јуни во Глазгов, Шкотска (како дел од резиденцијалниот циклус концерти на нашиот пијанист од светски глас со Кралскиот шкотски национален оркестар), Симон Трпчески до крајот на овој дел од сезоната го очекуваат и редовните концертни гостувања во САД, Велика Британија и Германија.

притисни ентер