Годинашната манифестација „Поетска ноќ во Велестово" во знакот на стиховите на Иван Џепароски

Охридското село Велестово од вечер наредните три дена, по 31 пат, ќе живее за и од поезијата. 

Во 21 часот „Кај чешмата" на сред село ќе биде отворено 31-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово", со вечерта посветена на стиховите на Иван Џепароски и цртежите на Воскресија Андреевска.

– Манифестацијата смело влегува во четвртата деценија од своето постоење. Се надеваме дека ќе не има уште долго и натаму да придонесуваме за афирмација на македонската поезија, култура, истакна на денешната прес-конференција Јулијана Величковска од организацискиот одбор на „Поетска ноќ во Велестово".

Таа појасни дека на отворањето ќе настапи вокалистката Евгенија Здравевска (Зарина Првасевда) и Александар Петров како специјална придружба на тапан. Поетскиот портрет на Иван Џепароски ќе го презентира проф. д-р Наташа Аврамоска, а стихови од неговата поезија ќе чита актерот Владимир Јачев. Од 22 часот во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица" во Велестово ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Воскресија Андреевска.

Величковска уште изрази задоволство што манифестацијата и оваа година повторно добива меѓународен предзнак, како поради претставување на поезија на странски поети, така и што годинава се обновува соработката со Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература, односно учесниците ќе бидат гости на „Поетската ноќ во Велестово".

– Како и секогаш оние што биле во Велестово знаат дека другарувањето продолжува и надвор од предвидената програма. Токму во тој меѓупростор се случува она што навистина ние го правиме, се создаваат пријателства, врски, се договараат културни размени кои значајно придонесуваат нашите гости да бидат вистински амбасадори на Велестово, Охрид, Македонија во светот, рече Величковска потсетувајќи дека многу од учесниците на манифестацијата во нивните подоцнежни песни ја презентираат инспирацијата добиена за време на нивниот престој тука.

Поетот Џепароски изрази задоволство што е дел од плејадата поети, македонски автори кои биле во низата врзана за врвните вредности на македонската поезија.

– Да се биде навечер во Велестово за секого, поет или обичен човек кој ја сака природата и љуби убавината, е прекрасно чувство, оттаму што таму како никаде на друго место може да се почувствува естетичката категорија возвишеност. Не поради фактот што Велестово се наоѓа на високо место, туку дека поезијата не издигнува во естетско доживување од поврзаноста на уметностите како што се поезијата, книжевноста, сликарството. Сестринските уметности таму настапуваат многу успешно, а тука се и музите да им помогнат на поетите да ги создадат нивните идни творби, рече поетот Џепароски.

Тој додаде дека посебноста и специфичноста на „Поетската ноќ во Велестово" произлегува од неопсредната комуникација со населението кое живее во селото, што е редок случај мало село да има таква манифестација од врвно значење на која гостуваат најзначајните писатели, поети, теоретичари…

– Вакви манифестации треба да се поддржуваат, постојано да се облагородуваат со нови идеи, нови гости, да се оствари комуникацијата со светот. Комуникацијата со другиот прави да се чуе надалеку гласот и за градот Охрид и за нашата држава, но и вредностите на нашата историја, култура, цивилизација. Се разбира, во комуникација со другиот да се оствари примарното, а тоа е преку запознавање на другиот да се запознаваме себеси, истакна Џепароски.

Манифестацијата продолжува утре напладне во библиотеката „Григор Прличев" во Охрид , со настанот „Поезија напладне" посветен на творештвото на Поли Муканова од Бугарија, а од 19 часот во кафе-барот „Shilla" во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Жалба до Музата" од Џери Марфи од Ирска. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Димитар Пандев, а стиховите на македонски ќе ги чита актерот Јован Цветкоски.

Поетот Џери Марфи кој вторпат доаѓа тука, понесен од инспирациите стекнати за време на првиот престој има напишано три песни посветени на Велестово и Охрид, Свети Наум.

– Прекрасен е начинот на кој луѓето тука ја восприемаат поезијата. Нивната бројност на ваквите поетски манифестации и на промоциите на книгите покажува дека луѓето ја сакаат уметноста на напишаниот искажаниот збор. Наликува како да сум дома во Ирска, изјави Марфи, кој инаку е еден од најпознатите поети во Ирска.

На третата и завршна поетска вечер на 18 август од 20:30 часот во Куќата на Уранија во Охрид во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски" ќе биде претставен романот „Некој бил тука" од Николина Андова Шопова, кој ја доби наградата „Роман на годината" за 2018-та, со што ќе заврши годинашното издание на „Поетската ноќ во Велестово".

„Поетска ноќ во Велестово" е манифестација единствена од таков вид во земјава. Основана е во 1989 година како камерна презентација на творештвото на афирмиран македонски поет и сликар. Од нејзиното прво издание одржано на 12 авуст 1989 година низ неа продефилираа најзначајните македонски поети и сликари, меѓу кои: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Котески, Матеја Матевски, Радован Павловски, Јордан Плевеш, Славе Ѓорѓо Димоски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Ефтим Клетников, Ристо Јачев, Братислав Ташковски, Пако Кузман, Веле Смилевски, катица Ќулавкова, Раде Силјан, Бладимир Мартиновски, Никола Маџиров и др., сликари: Вангел Наумовски, Глигор Чемерски, Сергеј Андреевски, Боро Митрикевски, Родољуб Анастасов, Владимир Георгиевски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Мирослав Масин, Славко Упевче, Никола Упевче, Драган Спасевски-Охридски, Доне Милјановски, Нове Франговски, Васко Ташковски, Александар Станковски и други. Од странските поети досега во Велестово имаат настапено поети од Сирија, Србија, Турција, Израел, Ирска, од Италија, Црна Гора, Естонија, Бугарија, Албанија, Норвешка, Словачка, Словенија, од Монголија. /МИА

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште .

Украинскиот суд денеска му одреди притвор на министерот за земјоделство на Украина, Микола Солски, кој е обвинет дека е вмешан во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Солски поднесе оставка во четвртокот, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето во четвртокот рекоа дека тој нема корист од таквата шема.

Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.

притисни ентер