Aмерикански филм за загадената планета со Македонци во продукцијата

Дејствието е сместено во далечна иднина кога Земјата е доста загадена и условите за живот се неиздржливи.

Загадената животна средина, неподносливите услови за живот на планетата Земја и барањето живот на друга планета е сижето на филмот „Раса" на чија продукција во Соединетите Американски Држави работи и младиот тетовец Игор Томески, која има американско универзитетско образование во областа на филмот и режијата. Жанрот на филмот е акција-авантура со елементи на научна фантастика.

-Дејствието е сместено во далечна иднина кога Земјата е доста загадена и условите за живот се неиздржливи. Група Земјани тргнуваат во авантура да населат нова планета и да создадат нов почеток, со нови зацртани правила и вредности за начин на живот од кои не смее да има девијација за да се избегне сличната судбина. Меѓутоа, на бродот за вселенско патување, дел од учесниците на мисијата составуваат саботерска група која го руши бродот на сосема друга планета. Се јавува поделба на две групации со две сосема различни идеологии кои треба да живеат заедно. Филмот го поставува прашањето – дали сме подготвени за нов почеток, да истраеме во почитувањето на одредени вредности и дали менувањето на планетата би не сменило нас, објаснува Игор.

На социјалните мрежи веќе може да се види трејлерот за „Раса". Планирано е да трае два и пол часа. Сценариото има 160 страници, покрај Томесвки е напишано и од Џереми де Бери, со кого заедно се како тим на продуценти.

-Моментално филмот е во фаза на докомплетирање на средствата и се почнува и со претпродукцијата. До крајот на годината се планира да почне и продукцијата и да започне снимањето, на локации во Џорџија и Флорида во САД, бидејќи првичната поддршка е добиена од овие две држави. Режисер на филмот е Конор Бреј, кој е филмаџија од Флорида, со повеќе награди, вели Томески.

Покрај него, во креативниот тим учествуваат уште неколкумина млади од Северна Македонија, додека останатите се од Америка.

-Филмот е конципиран да биде инди-филм, без огромен буџет и без премногу спектакуларни визуелни ефекти како блокбастерите, претендирајќи со едноставно раскажување да се постигне посакуваниот ефект, што за екипата претставува креативен предизвик, рече Томески.

Голем дел од актерската екипа на филмот се млади актери, и се остварува соработка со Здружението на филмски актери на Америка (Screen Actors Guild of America), каде се таргетирани актери од А и Б-категорија и други креативци.

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата.

Народот не поддржува политика на понижување на Македонија.

Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ.

7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците.

Народот не сака да живее повеќе во несигурност.

Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот.

Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот.

Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8

„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”.

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборната единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Чучер Сандер порача дека на 8ми мај победува мнозинска Македонија.

„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”, рече Спасовски пред граѓаните на Чучер Сандево.

„Пораката е примена, слушната, тоа е дека единствената вредност во државата е секогаш да бидете рамо до рамо со својот народ. Ние сме тука, посветени заедно за отворање на перспективите на државата. Имаме два кандидата со два концепти застапувани во периодов. Сметам дека треба да се концентрираме да обезбедиме победа за Стево Пендаровски во наредниот период, човек кој може цврсто да стои и да го држи кормилото на Македонија. Не ни личи нам да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да се сруши режимот”, истакна Спасовски

„Изборите се нова можност, поддржувачите на СДСМ и коалицијата да бидеме активни, да разговараме со секој еден граѓанин и да ја бараме поддршката, да се извиниме за грешките, да си кажеме за пропустите, да се ветиме тоа што може реално да оствариме. Сето она што беше потреба во 2016 и 2020 е целосно реализирано, што беше директно од дискусијата со граѓаните. И оваа програма се заснова на реални основи кои значат подобар животен стандард за секој, програма која ги третира еднакво сите”, рече Спасовски, потенцирајќи ја одговорноста кон идеалите во однос овие избори.

„Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напушптиме идеалите на нашите предци, оние кои се темелите на македонската современа држава. И точно е дека оваа држава е створена на телемите на Народноослободителна борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности”, рече Спасовски, додавајќи дека само со СДСМ државата напредува.

„Само СДСМ кога е власт државата напредува, се поместува од место, се остваруваат идеалите и наштие стратеѓки интетеси. Верувам дека со многу енергија и посветеност, да оствариме националниот интерес, да биде дел од европското семејство, да ги донесеме европските вредности во институции, со реформи кои значат подобри услови за животи, подобра инфраструктура, подобро земјоделие, подобри меѓучовечки односи. Ние мора да ја добиеме најважната битка против криминалот и корупцијата токму преку тие европски вредности”, рече Спасовски. Притоа, тој упати повик до граѓаните масовно да се заокружи бројот 1 на 8ми мај.

„Ова е мотивација за сите нас, од денеска до 8 мај нема застанување, да ги споделиме нашите видувања за иднината низ разговор со граѓаните, бидејќи не смееме да се откажеме од инднината. Масовно на 8 мај за бројот 1!”, заврши Спасовски со своето обраќање пред граѓаните на Чучер Сандево.

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

притисни ентер