Руските момчиња , обвинети за заговор против Путин , си ги пресекоа вените во судница (ВИДЕО)

Двајца Руси на кои им се суди за членство во анархистичка организација си ги пресекоа вените среде судењето во судот во Москва.

На Руслан Костљенков (25) и Вјачеслав Крјуков (20) им се суди за екстремизам и активности во групата ,,Новоје Величије” (Нова величина).

Полицајците наскоро ги отстраниле од судницата, а засега нема нови информации за нивното здравје.

Двајцата млади луѓе побарале куќен притвор, но биле одбиени. Откако судот ги објасни причините за неприфаќање на барањето, младите луѓе наводно му рекле на судијата дека станува збор за неправеден судски процес.

„Слава на Русија, слобода на Русија, слобода на политичките затвореници!“ извикале тие и си ги исекле вените на зглобовите.

Адвокатот Александар Лупашко изјави дека е нејасно како осомничените успеале да донесат остри предмети во судницата.

„Тие беа проверени на влезот. Не разбирам. Изгледа дека можеле да внесат парче стакло или сечило“, додаде тој.

Светлана Сидорина, адвокат на Руслан Костленков, рече дека младите луѓе повеќе не можат да издржат, особено затоа што сите докази укажуваат дека тие не сториле кривично дело.

Костуленков и Крјуков се дел од групата од 10 млади луѓе против кои се води судска постапка поради обвиненија за вмешаност и организација на екстремистичка организација која се обидува да ја собори владата на Владимир Путин. Меѓу осомничените има и тинејџери. Целиот случај на обвинителство е, наводно, заснован врз сведочењето на полицаец, кој тајно се придружил на прикриената група.

Според извештаите на медиумите, веќе е обвинет еден член на групата, Ана Павликова (19). Во затвор, нејзината здравствена состојба се влошила и подоцна била префрлена во домашен притвор.

Организациите за човекови права веруваат дека доказите се лажни, а родителите на осомничените велат дека групата разговарала за прашања од секојдневниот живот, како што се училиште, работа и во некои случаи и за политика.

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер