СДСМ: И Сиљановска го впери прстот кон Јанушев за незаконскиот долг од 400.000 евра

И кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори Гордана Сиљановска посочи дека за финансирањето на нејзината кампања одговорен бил генералниот секретар Игор Јанушев.

А токму за таа кампања ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се наплати.

ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека  сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

За ваквото прекршување на законите , мора да има одговорност, а овластен потписник на сметката бил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност неговиот генерален секретар Игор Јанушев.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже уште еднаш дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

И Македонија презема мерки против корона - Ќе се скенираат патниците од Кина

По земјите во соседството, и Македонија ги зголемува мерките против мистериозниот корона вирус, кој добива глобални размери.

Од утре се активираат термалните камери на скопскиот аеродром, кои треба да детектираат евентуални носители на Корона вирусот, таргет се оние кои пристигаат во Скопје од Кина, односно патниците кои доаѓаат со летовите од Дубаи или Истанбул.

Од министерството за здравство велат дека се во чекор со препораките на СЗО и дека истите се применети во земјава.

Надлежните велат дека постои стандардизиран протокол за надзор над опасни заразни болести. Епидемиолошката служба во земјава е ставена во целосна приправност како и инфективната клиника, која со сите свои капацитети може да одговори на предизвикот. Оттаму велат дека нема простор за паника.

На ниво балканот се спроведуваат потребните мерки, и досега не е забележан ниту еден носител на Корона вирусот, додека пак во моментов во Европа има три случаи, кои се регистрирани во Франција.

Бројот на заразени од Корона вирусот забрзано расте и се искачи на две илјади, додека педесетина го загубија животот. Кинеските власти велат дека тој се пренесува респираторно и дека е заразен уште во фазата на инкубација, што го прави потежок за изолирање. Вакцини се уште нема, а надлежните препорачуваат да се внимава и да се почитуваат превентивните мерки.

До сега во Кина се изолирани неколку градови односно околу 56 милиони жители, а најмногу во областа Хубеи, каде што се наоѓа жариштето, градот Вухан, додека пак оние кои се заразени ќе бидат третирани во централен карантин, изјави претседателот Си Џинпинг. Вон континетална Азија, носители на вирусот се забележани во САД и Канада.

Спасовски: Очекувам продолжување на дијалогот, предлогот многу скоро во Собранието

Законот за јавно обвинителство најверојатно уште утре ќе биде доставен во Собранието.

Утре најверојатно Владата ќе го испрати предлог Законот за јавно обвинителство, а веќе в вторник почнува дебатата по предолжениот текст.

Техничкиот премиер Спасовски вели неопходно е да се продолжи дијалогот по законот и повика сите политички партии да бидат на одговорно кон граѓаните, државата, но и европската перспектива. Вели иако законот не е формален условен, сепак неговот изгласување би бил позитивен момент во пресрет на одлуката за датум за преговори.

„Тука посебно сакам да ги повикам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да се престане со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите“, рече Спасовски.

ВМРО ДПМНЕ велат немаат намера да го кочат процесот на носење на Законот, но сметаат дека актуелниот предлог е обид за воскреснување на Специјалното јавно обвинителство.

Во СДСМ уверени дека изгласувањето на ваквиот предлог ќе значи упредување на владеењето на правото и од јавното обвинителство ќе создаде независна институција која ќе ја врати довербата во правдата меѓу граѓаните. Бојан Маричиќ, кој е дел од работната група на СДСМ во преговорите за законот, вели меѓу пратениците владее ставот дека предлогот е добра основа, но дали ќе има доволно поддршка да биде изгласан до 11-ти февруари и без поддршка до ВМРО ДПМНЕ останува неизвесно.

Се очекува веќе в вторник предлог законот да се најде на собраниска седница, а се најавува во истиот ден да почне и комисиската расправа по предлог текстот, како и одржување на јавна расправа, на кој ќе присуствува и државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

Скопје синоќа најзагадено на светот, Град Скопје издаде препораки за заштита

Скопје повторно го освои врвот на глобалната апликација Ер Вижуал и синоќа на полноќ беше најзагаден град на светот..

Скопје повторно руши рекорди во поглед на аерозагадувањето. Градот вчера по којзнае кој пат се најде на првото место како најзагаден во светот на апликацијата Air visual, овој пат пред Њу Делхи во Индија и Шенјанг во Кина. Како одговор на тоа, градските власти објавија серија на препораки до граѓаните, во кои меѓудругото се бара од нив да избегнуваат користење на возила и да користат јавен превоз, да не излегуваат на отворено, а за затоплување да користат чисто и суво дрво и редовно да ги чистат оџаците. Сепак, дел од екологистите велат дека препораките не се доволни, и бараат конкретни мерки за енормното аерозагадување.

Георгиева ги повика и пратениците во Собранието да ја изгласаат забраната за увоз на отпад во земјава. Според неа, потребна е и построга контрола и поголем надзор од властите, бидејќи како што вели, до сегашните мерки не помагаат за намалување на аерозагадувањето.

Точката за забрана на увоз на отпад минатата недела беше прескокната од дневниот ред на во Собранието. Во таа прилика, пратениците тврдеа дека потребно е подетално да се анализира предлогот и дека стравуваат, ако се забрани увозот, на земјава да и биде забранет и извозот на отпад. За сега, се уште е неизвесно дали овој закон ќе стапи на сила пред распуштање на Собранието, иако и од ВМРО – ДПМНЕ и од СДСМ најавија дека ќе дадат поддршка. Според испитувањата, аерозагадувањето е причина за смртност на околу 3.000 лица годишно во државава и е петти главен ризик - фактор за смртност во светот.

притисни ентер