СДСМ: И Сиљановска го впери прстот кон Јанушев за незаконскиот долг од 400.000 евра

И кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори Гордана Сиљановска посочи дека за финансирањето на нејзината кампања одговорен бил генералниот секретар Игор Јанушев.

А токму за таа кампања ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се наплати.

ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

За ваквото прекршување на законите , мора да има одговорност, а овластен потписник на сметката бил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност неговиот генерален секретар Игор Јанушев.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже уште еднаш дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Сообраќајка кај Влајко на Партизанска, повреден возач

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер

Минесота го победи Денвер рано утрово на гостински терен со 106:80 во вториот натпревар од второто коло на НБА плејофот.

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на гостите Карл-Ентони Таунс, кој постигна 27 поени и забележа 12 скока.

Во тимот на Денвер се истакна Арон Гордон со 20 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-0 во корист на Минесота.

Следниот натпревар ќе се одигра на 11 мај.

Во првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција, Њујорк ноќеска ја победи Индијана со 121:117 и поведе со 1:0.

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците.

Израел синоќа соопшти дека ќе испрати делегација на посредничките преговорите со Хамас, откако милитантната палестинска организација го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот, додека продолжува со операциите во Рафа со цел да „изврши воен притисок“ врз Палестинците.

„Израел ќе испрати делегација (...) на посредувањето за да ги исцрпи можностите за постигнување договор за примирје, дури и доколку предлозите на Хамас се далеку од суштинските барања“ на Израел, се наведува во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Воениот кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел да изврши воен притисок врз Хамас“, се додава во соопштението.

притисни ентер