Автомобилот на Тесла на крајот сепак ќе се судри со Земјата

Црвениот роудстер на Тесла во иднина својот пат низ вселената би можел да го заврши таму каде што го почна – судир со Земјината атмосфера, покажаа пресметувањата на научниците од Универзитетот во Торонто.

Откако полета на ракетата “фалкон хеви“, автомобилот сега се наоѓа на околу три милиони километри од Земјата, а се очекува дека во вселената би можел да остане засекогаш. Меѓутоа, симулациите покажуваат дека автомобилот својот пат може да го заврши многу порано.

„Тесла најверојатно ќе се удри во Земјата за неколку десетина милиони години“ – изјави Хано Рејн за „Национална географија“.


РЕјн со колегите направил симулација на патот на кој ќе го помине автомобилот, кој веќе е класификуван како вселенско тело. Станува збор за проценка која покажува дека орбитата ќе го пресекува патувањето на Земјата и Марс и блиските средби со планетите ќе го менува правецот на автомобилот. Тоа ќе ја направи целата работа уште потешка за предвидување, но со доволен број на симулации, може да се дојде до најверојатното сценарио.

Па така, нивното пресметување покажува дека на автомобилот му преостануваат “само“ неколку десетина милиони години кружење низ вселената. Се знае дека во 2091 ќе помине поред нас, и тоа меѓу Земјата и Месечината, и ќе може да се види со телескоп. Такви средби ќе има многу, но подоцна ќе има и поблиски поминувања покрај Венера и Марс, а таквите средби ќе ја променат орбитата на автомобилот.

И додека изгледите за судир со Марс скоро и да не постојат, има скоро шест отсто веројатно дека автомобилот за милион години ќе се судри со Земјата. За три милиони тие шанси ќе пораснат на 11 отсто, а Рејн објаснува дека веројатноста за судир со текот на времето само ќе расте.

Со неговата проценка се согласува и Рен Малхотр од Универзитетот во Аризона, кој објаснил дека автомобилот сега се однесува како и секој природен објект со истата големина.

Во Земјината атмосфера неколку пати годишно влетуваат објекти со ваква големина, и таквите судири се безначајни, изјавува Малхотр.

Сепак, тој верува оти најверојатниот крај за автомобилот ќе биде судир со Сонцето, за неколку милиони години.

Светската награда на УНЕСКО за слобода на медиумите за палестинските новинари

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа .

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас на 7 октомври.

„Во овие времиња на темнина и безредие, сакаме да испратиме силна порака за солидарност и признание до палестинските новинари кои ја следат оваа криза во драматични околности“, рече Маурицио Вајбел, претседател на Меѓународното жири на медиумски професионалци.

Според него, човештвото им должи огромен долг на палестинските новинари за нивната храброст и посветеност на слободата на изразување.

Генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, ја истакна „важноста на колективната мобилизација за новинарите, насекаде во светот, да можат да продолжат да ја вршат својата суштинска работа за информирање и истражување“.

Според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), организација со седиште во Њујорк, 97 новинари и медиумски работници, од кои 92 Палестинци, се убиени, а 16 се повредени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Турција ги прекина трговските односи со Израел

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, бидејќи веќе го ограничија извозот во таа земја во април, соопшти турското Министерство за трговија.

„Извозот и увозот со Израел се прекинати“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека Турција ќе ги применува овие нови мерки „додека израелската влада не одобри непречен проток на хуманитарна помош во Појасот Газа“.

Бајден: Полицајците го претставуваат најдоброто во нас

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа во Северна Каролина се сретна со семејствата на четирите полицајци кои беа убиени за време на службена акција. 

Средбата доаѓа само една недела по сличната посета на најблиски на двајца убиени полицајци во северниот дел на сојузна држава Њујорк.

Патувањето беше со цел да ја оствари оваа посета, но во приватна атмосфера, без многу камери и зад затворени врати.

-Целата нација жали со овие семејства, изјави тој по следното застанување на кампањската турнеја во Вилмингтон, Северна Каролина, каде објави нови мерки за отстранување на оловните цевки од водоводниот систем на САД.

Toj потоа се обрати во Воздухопловната национална база на Северна Каролина каде локалните служби за безбедност можеа да дојдат без многу патување и во време кога сеуште се опоравуваат од смртта на нивните колеги, но кои помогнаа во обезбедувањето на претседателот.

-Мажи и жени од службите за безбедност, вие го претставувате најдоброто во нас, изјави Бајден од подиум во базата.

Тој уште еднаш повика на порестриктивни мерки за поседување оружје и повеќе пари за полицијата која е во првите борбени редови.

Минатата недела во Северна Каролина беа убиени четири полицајци откако лице кое требаше да го уапсат поради поседување оружје како поранешен осуденик отвори оган во нив од полуавтоматска пушка АР-15.

За време на акцијата уште четири службени лица беа повредени. Осомничениот беше убиен.

притисни ентер