Автопилотот на Тесла го сними пешакот, па сепак автомобилот продолжи да вози (ВИДЕО)

Новото видео покажува како системите за автономно возење не се совршени.

Или се, затоа што овој вид прекршок го прават многу возачи. Имено, станува збор за пристигнување на автомобилот до пешачки премин во моментот кога пешакот штотуку излегол на коловозот. Во овие ситуации, многу возачи продолжуваат да возат, а некои дури и забрзуваат за да поминат што е можно побрзо.

Се чини дека системот за автономно возење на Tesla ја следи истата (погрешна) шема. Снимката од Tesla, можеби модел 3 или Y, покажува дека системот снима и препознава пречка на пешачкиот премин, но тоа не е доволно за да се одлучи да го запре возилото. Наместо тоа, автомобилот продолжил да се движи со иста брзина, како пешакот да не се ни обидел да го помине патот.

Пешакот бил на околу 20 до 25 метри од автомобилот, што со оглед на брзината на движење било доволно за безбедно запирање. Видеото е објавено на социјалните мрежи и е снимено во Сан Франциско.

„Тој открил пешак, но наместо да ги притисне сопирачките, само поминал покрај него, бидејќи човек би знаел доколку имал доволно време да го стори тоа“, се вели во објавата.

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди

Човештвото мора да даде поголемо значење и почит на пчелите кои се најважниот единствен вид опрашувач во светот, обезбедувајќи растителна храна на луѓето и голем број животни.

Ова е ставот на експерти од Земјоделскиот факултет и производители на мед, по повод Меѓународниот ден на пчелата, 20-ти мај. Тие апелираат – земјоделците да не користат забранети препарати при прскање на своите насади, бидејќи со тоа сериозно го загрозуваат опстанокот на пчелите.

Дополнителен проблем за пчелите, но и целокупното производство на мед, според производителите, се и климатските промени.

Дека климатските промени се најголем непријател на пчелите покажувааат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив, во 2022 година во земјава имало 290.879 пчелни семејства, за седум отсто помалку во споредба со 2021 година. Кога станува збор за производството, во 2018 година биле произведени околу 560 тони мед, а во 2021 година само 140 тони мед.

Инаку, пчелите работнички живеат до 40 дена и за тој период произведуваат една лажица мед. За луѓето една лажица мед, а за пчелата цел живот.

ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт

Поплавени подруми, дворови, лифт во станбена зграда по поројните дождови низ Македонија. Околу 3.000 повици биле упатени кон Центарот за Управување со кризи за време на викендот. 

Во текот на вчерашниот ден, битолските пожарникари извлекле паднат човек од реката Драгор, кај месноснта „Сали Мост“, кое според ЦУК не се здобило со повреди, благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. Од Центарот за Управување со кризи и денеска со апел до граѓаните при појава на поројни врнежи од дожд проследени со силни електрични празнења да бидат исклучително внимателни.

„Да се избегнува движењето во засеци во природата, посебно во ридест дел, суводолиците да се избегнуваат, тоа се старите корита кои може да се наполнат со вода, дури и да нема дожд во близина. И да не се оди многу блиску до речни корита, и особена внимателност треба при врнежите и молњите, односно при силните електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. “ --изјави Илија Бојаровски – ЦУК.

Нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи според најавите од УХМР ќе има до среда. Наместа врнежите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со залислен ветер, кој во текот на утрешниот ден велат од УХМР ќе биде посилен. Наместа можна е и појава на град. Преодно стабилизирање на времето се очекува в петок, додека за време на викендот од УХМР со најава за нови врнежи од дожд.

„Посилен ветер ќе имаме веќе во утрешниот ден и тоа долж повардарието во текот на денот и повеќе нестабилност во западниот и северниот дел од земјата. Утре наутро температурите ќе бидат од 10 до 16 степени за степен два пониски од денешниве, денешниве сепак беа над просек високи температури. А дневните ќе се искачуваат до 27 степени. Во среда веќе ќе имаме температура до 30тиот степен но сепак и натаму ќе биде нестабилно.“ -изјави Борис Секирарски – УХМР .

Невремето кое ја зафати Македонија за време на викендот не направи значителни штети врз земјоделските насади. Засега надлежните институции не добиле пријави од граѓани, велат вода фалеше и дождот е добредојден.

Се одбележува 20 мај – денот на македонските пожарникари

Возила стари по неколку децении, ниски плати, а се помалку ги има оние кои ја носат униформата, Скопје денеска го одбележува денот на „Хероите на градот“.

Во речиси милионски град, само 180 лица се борат со оган од кои веќе голем дел се пред пензија, помагаат во сообраќајни незгоди и се први секаде каде што се потребни.. Командантот на скопската пожарна вели итно се потребни нови вработувања, а проблемите ги посочи и градоначалничката Арсовска.

Еден од оние кои се збогуваат со униформата Сретко Цимевски кој 40 години од својот живот ги поминал во бригадата, застанувајќи пред бројни предизвици и спасувајќи човечки животи, а до помладите порача, оваа работа се работи само навистина ако се сака...

-Оној кој ќе дојде во противпожарната бригада навистина треба да ја сака работата и да ја извршува како што треба. Јас имам најмногу пожари и најмногу ризици, но ризиците не сум ги гледал се додека сум работел, немало ризици додека се работи, секогаш сме биле победници во работата,- -Сретко Цимевски – Командант на чета.

А, денеска и покажаа дел од она што го нив им секојдневие.

Други пак покрај храброста и борбата со огнот, ја покажаа истата и во борбата со стереотипите, Билјана Денчовска е првиот пожарникар жена, ја носи униформата веќе 20 години, отворајќи го светот на пожарникарите за останатите жени во земјава...

Пред 20 години беше чудо, јас кога дојдов тука самиот командант се чудеше, вика, што ќе правам со тебе сега, ова е машки манастир?

Се соочила со бројни страотни ситуации, а дел од нив и ги сподели.

-Мислата е сакаш да полеташ, едноставно да си таму на местото за да спасуваш, такво е чувството, ти не размислуваш за себе тогаш, размислуваш таму да се спасат повеќе, ако има луѓе. Бевме на поплавите, се сеќавам, таму видов и многу жртви имаше, сме се соочиле со страшни работи,- Билјана Денчовска – Пожарникар.

Најдобриот пожарникар во изминатата година вели дека е дел од група која е полна со хуманост и храброст и е чест да се дели со нив секојдевнието.

-Ќефот ми е да спасувам, да бидам благодарен на професијата,- Пепи Трајчевски – Најдобар пожарникар во изминатата година.

А, по неговите стапки се подготвува да тргне и неговиот син.

-Тато е најдобар пожарникар, многу добро работи. Кога ќе пораснам сакам да бидам пожарникар, зошто сакам со тато да работа.- Марко Трајчевски – Син на пожарникар.

Пожарникарите велат што се однесува до опремата имаат малку подобри услови, но габаритната, како камионите е она што им недостасува. За Скопје е предвидено да има најмалку 450 пожарникари, а во моментов граѓаните ги опслужуваат трипати помалку.

притисни ентер