Бајден повторно ги презеде овластувањата, но засега останува во болница

Џо Бајден го продолжи своето претседателствување околу 17:35 часот по средноевропско време, по краткиот трансфер на власта за време на анестезијата.

За тоа време должноста ја презеде потпретседателката Камала Харис, првата жена во историјата на САД што ја извршува оваа функција.

Американскиот претседател, кој беше подложен на „рутинска“ колоноскопија, разговарал со Камал Харис и шефот на кабинетот околу 11:35 часот по локално време. „Тој беше добро расположен и повторно ја презеде функцијата во тоа време“, напишала на Твитер портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Таа прецизира дека Џо Бајден моментално престојува во болницата Волтер Рид, во близина на Вашингтон, каде што продолжува со рутинските прегледи.

Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој во сабота го има својот 79-ти роденден, ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.

Бајден, кој не пуши и не консумира алкохол, беше вакциниран против Ковид со трета доза кон крајот на септември.

Како 78-годишник Бајден стана најстариот американски претседател во историјата. Иако се уште се шпекулира дали ќе се кандидира повторно во 2024 година, тој вели дека очекува втор мандат.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер