Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“

Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите за да го исмее Доналд Трамп за неговата незрелост, но се пошегува на сметка на својата поодмината возраст.

Бајден (81) го опиша Доналд (77) како инфантилен.

„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж и се натпреварувам против „шестгодишно дете““, рече синоќа Бајден, кој го нарече својот републикански ривал „поспан Дон“, пренесува Си-Ен-Ен.

Зборувајќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден додаде дека единственото нешто што им е заедничко е нивната возраст.

„Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“, додаде Бајден. Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс претходно изјави дека нема да го поддржи Трамп во трката за освојување уште еден претседателски мандат.

Претседателот на САД продолжи да укажува контрасти помеѓу неговата кампања за реизбор, која се засили по неговото обраќање за состојбата на нацијата минатиот месец, и онаа на Трамп, кој беше спречен активно да се посвети на неа, поради судењето во Њујорк под обвинение дека му наложил на неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен да и плати на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да ја спречи да излезе во јавноста за нивната наводна афера.

Според обвинението, Трамп тие пари ги покажал во деловните книги како трошоци за адвокат, што е незаконски.

- Направив голем напор уште од обраќањето за состојбата на нацијата, но Доналд имаше тешки неколку дена во последно време. Можете да ги наречете „бурни“, рече Бајден, алудирајќи на „сценското“ име на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс.

Едноставен и лесен трик што ќе ве воодушеви, а ќе изгледате како да сте посетиле фризер!

За жените кои не знаат како да се фенираат...

Една корисничка на Инстаграм споделила како бргу да ја стилизирате вашата коса.

Стилизираната и бујна коса е желба на секоја жена, но бидејќи времето е кратко, а обврските бројни, жените речиси и немаат време да посетат фризер, а од друга страна, многумина не се вешти во фенирањето, па повеќето се принудени да бараат друго решение. Стоењето пред огледало со четка и фен во рака не ѝ се допаѓа речиси на ниту една жена бидејќи не само што ѝ одзема време, туку и нема да ја обликува косата како што сака.

Ако сте меѓу оние дами кои не знаат да се фенираат, немаат време за тоа или причината е нешто сосема друго, една „инфлуенсерка’ понуди одлично решение што ќе ги воодушеви сите дами. Сара Садија покажа како со помош на чорап го решава проблемот со стилизирање на косата за само минута-две.

На видеото, девојката покажува како ја врзува косата во опавче, потоа прска лак за коса, па зема еден памучен бел чорап и постепено ја завиткува косата со него од врвот на опавчето до коренот, и на крај го врзува чорапот и со него ја покрива „пунџата“. Вака врзаната коса ја остава некое време, а кога ќе го извади чорапот од косата, таа добива бујна коса со крупни кадрици.

На бујната и убаво обликувана коса таа нанесува капки за коса со кои ја стилизира фризурата без многу труд.

Фризурата ги воодушеви лицата што ја следат на оваа социјална мрежа кои навеле дека ќе го пробаат овој трик. Оваа инфлуенсерка им открила на дамите дека користела балсам во спреј за коса, но и дека обична вода делува одлично. Сара, инаку, на Инстаграм споделува трикови и идеи за стилизирање на косата и шминкање, како и општо разубавување.

Една од корисничките на мрежата изјавила дека оваа техника ја користи уште од 80-тите години и дека ѝ го дава токму тој изглед. Други дами признале дека ги испробале сите можни начини да направат слична фризура, но главно, неуспешно. Повеќето се согласиле дека овој трик со чорапот не само што дава одлична фризура и целосно автентичен изглед, туку ви заштедува време и струја.

Причината за шокантните промени кај едно момче не била откриена цели 18 месеци

Неговото насилно однесување ги збунило и лекарите...

ПАНДАС – откриен од неврологот на детската болница

До деветгодишна возраст, Оливер бил дружељубив и популарен во своето училиште. Тој бил претседател на училишниот совет, но сè се променило во јануари 2020 година кога се вратил дома од училиште и делувал потивко од вообичаено. Неговата загрижена мајка Меган го проверувала во текот на ноќта и била шокирана од промената. Според неа, „како да бил вклучен прекинувач“. Оливер се соблекол по гаќи, се нишал среде соба, со вклучен вентилатор среде зима и отворен прозорец. Викал и тврдел дека кожата му е жешка. Преку ноќ станал психотичен. Ова насилно однесување ги збунувало медицинските стручни лица цели 18 месеци.

По долгомесечното барање одговор, Меган ја пронашла веб-страницата на добротворната организација „PANS PANDAS UK“. Нејзиното откритие довело до тоа на Оливер во октомври 2021 г. да му биде дијагностициран ПАНДАС од невролог во детската болница во Бирмингем. На Оливер му препишале комбинација од антибиотици, антиинфламаторни лекови и терапија, но тој не излегува од дома веќе две години, од последниот прием во болницата. Сега, на 14 години, тој не носи ништо освен прекривка, не поднесува човечки допир и комуницира со своите родители од врвот на скалите, пренесува британски Сан.

ПАНС И ПАНДАС - Ретка медицинска состојба која брзо ги погодува децата

ПАНДАС (педијатриско автоимуно невропсихијатриско нарушување поврзано со стрептококни инфекции) е состојба која се јавува ненадејно и може да влијае на физичкото и менталното здравје кај децата и младите. ПАНДАС специфично се активира од стрептококна инфекција од групата А, која може да предизвика погрешен имунолошки одговор и воспаление на мозокот. Децата погодени од оваа состојба може да бидат на возраст од три години, кога ќе се појават првите симптоми, но овој синдром може да се појави до пубертетот.

Според „PANS PANDAS UK“, во моментов не постои начин да се дознае колку точно деца се погодени од оваа состојба во Велика Британија. Проф. Рајат Гупта консултант детски невролог на Детската клиника во Бирминген, кој ја дијагностицирал состојбата на Оливер изјавил дека со ваква состојба се дијагностицирани околу 100-тина деца. Постои мала свест кај медицинските професионалци во Велика Британија за оваа состојба.

- Децата кои се однесуваат вака може да имаат состојба која лесно може да се лекува со кратка двонеделна терапија со антибиотици - изјавил професорот Рајат.

Работната група и истражувањето „PANS PANDAS“

Работната група PANS PANDAS е основана во 2022 година и се состои од невролози, имунолози и педијатри. Целта на групата е да ги подобри стандардите за грижа на луѓето со ваква состојба и да постигне национален консензус за тоа како да се дијагностицираат и третираат овие состојби. Групата исто така е во процес на спроведување на истражување низ Велика Британија со цел да добие појасна слика за тоа колку луѓе се погодени од оваа состојба.

Д-р Минг Лим, консултант педијатриски невролог во Детската болница Евелина во Лондон, кој е дел од работната група, навел дека една од причините поради кои ПАНДАС е контроверзна состојба е тоа што не постои специфичен биомаркер - како што е скенирање на мозокот или тест на крвта – кој би потврдил дека некој ја има таа состојба.

Ели, случај на ПАНДАС со брз одговор на терапијата

Родителите на едно 13-годишно девојче, исто така погодено од ПАНДАС, ги опишале нејзините први суптилни симптоми пред брзото влошување. Ели имала болки во грлото, а нејзините родители ѝ дале лек за оваа нелагодност со надеж дека ќе закрепне. Меѓутоа, откако се вратила од училиште, доживеала напад на паника, била преплашена и изгледала како да ќе земе нож од кујнската фиока и ќе се прободе во градите. Ели имала и други симптоми, но бргу закрепнала со помош на терапијата.

Кучиња до смрт изгризале мајка со 3 деца, братчето е повредено додека ја спасувал сестра си

Мајка од Џорџија загинала од глутница кучиња кои ги нападнале неа и нејзините три деца во близина на училиште, неколку дена пред Денот на мајката.

Кучињата го нападнале семејството во четвртокот додека мајката чекала со своите деца на автобуска постојка зад училиште во Китман, соопштија властите.

Кортни Вилијамс (35) била пронајдена мртва во блискиот двор.

„Кога полицајците пристигнаа, наидоа на неколку агресивни кучиња“, изјавија официјални лица.

Нејзините деца биле пренесени во болница со повреди, а нејзиниот син се здобил со неколку исеченици од борбата со кучињата во обид да го спаси животот на својата помала сестра, велат од семејството.

„Кајден ја турна сестра си и ја спаси, но кучињата тргнаа по него“, рекла нивната тетка Кристал Кокс.

Таа сподели неколку вознемирувачки слики од болницата на кои се гледа како момчето страда од неколку длабоки рани на рацете, нозете и главата.

Другиот син истрчал во училиштето додека кучињата го напаѓале неговото семејство и налетал на маж, кој успеал да го спаси од животните и да ги однесе во болница.

Сите три деца сега се опоравуваат дома, пренесува The New York Post.

Се уште не е познато каков тип на кучиња го нападнале семејството, но соседите велат дека долго време се жалат и бараат контрола на животните во областа.

Наредена е обдукција за официјално да се утврди причината за смртта на жената.

притисни ентер