Балардини нов тренер на Палермо

Италијански фудбалски клуб Палермо денеска го смени тренерот Џузепе Јакини и на негово место го донесе Давиде Балардини, соопшти калчолигашот во чии редови се наоѓа и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Јакини бил отпуштен поради променливите игри на почетокот на сезоната, и покрај триумфот минатиот викенд против Киево со 1:0.

Балардини го предводеше Палермо и во сезоната 2008/2009. Со клубот од Сицилија, потпиша договор до јуни 2016 година.

Во текот на својата кариера беше тренер на Каљари, Пескара, Лацио, Џенова и Болоња.

Палермо во моментов е во 12-то место во генерален пласман со 14 поени. /МИА

Четири европски земји наскори би можеле да ја признаат Палестина

Ирска, Шпанија, Словенија и Малта размислуваат да признаат палестинска држава на 21 мај, објави ирската државна телевизија.

RTE News синоќа објави дека се интензивираат разговорите меѓу Даблин, Мадрид, Љубљана и Ла Валета за потенцијалното заедничко признавање на палестинската државност.

Ирската телевизија тврди дека тие земји чекаат гласање на Генералното собрание на Обединетите нации на 10 мај, што може да резултира со отворање на патот на Палестина за членство во организацијата.

Четирите земји во заедничката изјава на 22 март соопштија дека се договориле за првиот чекор кон признавањето на Палестина.

Шпанија и Ирска долго време се застапници на палестинските права. Оваа иницијатива доаѓа во време кога меѓународната заедница повикува на прекин на огнот и долгорочно решение за мир во регионот поради големиот број цивили убиени во израелската офанзива на Газа.

Од 1988 година, палестинската држава е призната од 139 од 193 членки на Обединетите нации.

Израел тврди дека планот на четирите европски земји е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали шансите за мировни преговори во Газа.

Нетанјаху по најавата на Бајден дека нема да испраќа оружје за Израел: Ќе се бориме со нокти

Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе „застане сам“ ако мора, откако САД се заканија дека ќе престанат да испраќаат оружје до својот сојузник.

„Ќе се бориме со нокти ако треба, но имаме многу повеќе од клинци“, рече Нетанјаху, а потоа додаде:

„И со таа сила на духот, со Божја помош, заедно ќе победиме“,пишува SkyNews.

Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку го нападне Рафа на југот на Газа.

Ројтерс ги пренесе изјавите на палестинските сведоци кои рекоа дека израелски тенкови и воени авиони го бомбардирале Рафа. Хамас исто така потврди дека неговите борци истрелале противтенковски ракети и минофрлачи врз израелските тенкови.

Инаку, Израел тврди дека борците на Хамас се кријат во Рафа, град во кој стотици илјади луѓе побарале засолниште од бомбардирањето што се случува на палестинска територија.

Мицкоски: Најавувам инвестициски бум што ќе ја засили економијата

Можам да кажам дека во првите 100 дена имаме многу амбициозна агенда за која што веќе се подготвувавме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. 

Денеска веќе кога се е завршено можам да кажам дека веќе е завршена една озбилна странска инвестиција која што е отпочната во делот на енергетиката, без посебни закони, без загарантирана цена на откуп, без повластици, која би се движела од меѓу 400 и 500 милиони евра и која што ќе произведува некаде од прилика околу 1 терават часови електрична енергија годишно, која што ќе се случи во Македонија. И тоа ќе биде објавено во првите 100 дена, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.

Мицкоски потенцираше дека ќе донесат и други две странски инвестиции, за кои што рече услов е да си замине сегашниот директор на ТИРЗ и претседател во најава на СДСМ, Јован Деспотовски, бидејќи како што рече имаат навистина лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни како инвестиции.

Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка. Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава да замине, бидејќи се навистина со лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни и ценам дека еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж, рече тој.

Мицкоски додаде дека во втора половина на јули месец да го направиме ребалансот, таму некаде прва половина на септември месец да го почнеме оној проект на децентрализација на финансиски средства и инвестиции во општините 250 милиони евра.

Очекувам втора половина на јули месец да го направиме ребалансот, таму некаде прва половина на септември месец да го почнеме оној проект на децентрализација на финансиски средства и инвестиции во општините 250 милиони евра, сега дека сме на половина година овој буџет во 2024 ќе опфати 125 милиони евра, инвестиции во општините.

притисни ентер