Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер