Барселона убедлива против Динамо Минск во ракометната Лига на шампионите

Ракометарите на Барселона остварија убедлива победа во првиот натпревар од 5. коло од Ц групата од Лигата на шампионите. Тие го совладаа Динамо Минск на негов терен со 35:25 (16:15).

По изедначеното прво полувреме каталонскиот тим во вториот дел беше сигурен и стигна до четвртата победа во групата и остана на првата позиција со 9 бодови. Динамо Минск го доживеа првиот пораз дома, а вкупно трет и со 4 бодови е на 4. место.

Најефикасен на натпреварот беше Сергеј Рутенка од Барселона со седум голови, додека македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна шест. Кај Динамо Минск најпрецизен беше Иван Нинчевиќ со пет голови.

Вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ се игра вториот дуел од 5. коло од оваа група меѓу македонските екипи Металург и Вардар.

Металург со 6 бодови е втор, а Вардар со 4 е на третата позиција. Колото во групата ќе биде комплетирано на 17 ноември (недела) со дуелот Тун – ПСЖ.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конференицја на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

притисни ентер