Затоа имаше луксуз, удобност и брзина. Станува збор за првиот теренец кој успеа да ја помине границата од 300 km/h, а титулата најбрз ја понесе Urus на Lamborghini. Сепак, W12 се покажа како исклучително моќен избор во однос на перформансите.
Од тогаш се случија многу измени. Новите сопственици се откажаа од цилиндрите и „кабините“, дури и од природната кожа, сѐ со цел да се усогласат со актуелните трендови во автомобилската индустрија. Во таква атмосфера, Bentley ја претставува Bentayga во Odyssean Edition.
Вториот по ред модел во Odyssean Edition е препознатлив по бандажите од 22 инчи, уникатните детали и, се разбира, ознаките на перформансите. Bentley предлага шест од 60-те достапни бои за надворешноста.
Посебна карактеристика на изведбата се материјалите. Имено, Bentayga покрај посебни бои користи и специјални материјали за рециклирање, а акцентот е ставен на твидот направен од волна од британските овци. Покрај тоа, сите дрвени влошки сега се обложени со потенок слој лак. Со дебелина од 0,1 mm, количината на искористена облога е успешно намалена за дури 90 проценти.
Секако, понудата вклучува и природна кожа за оние кои немаат морални проблеми во однос на потеклото на таквиот материјал. Има и премиум седишта со прилагодување во 22 насоки, се разбира, со греење и вентилација.
Bentley ги нуди овие перформанси исклучиво со plug-in хибриден погон. Се состои од 3.0 TFSI V6 во комбинација со електричен мотор и батерија со капацитет од 18 kWh. Има 462 КС, 100 км/ч стигнува за 5,3 секунди и не попушта до 254 км/ч. Може да вози и на струја со досег од 45 km.
Ограничен е на само 70 примероци, а цената не е објавена.