Беса: Западниот дел од државата изоставен од странски директни инвестиции

Веќе неколку дена, целата јавност, вклучително и ние сме сведоци на еденвидео материал ,спонзоризиран од самиот премиер г-динот Заев, каде што се презентираат економските достигнувања на владата, во првите две години од неговиот мандат.

Прикажаните податоци и бројки се импозантни,за кои и најголемиот скептик не би останал рамнодушен.

Испровоцирани од овој факт, ние како Департамент за Економија при Движењето БЕСА, решивме да излеземе со неколку аргументи кои ке го демантираат видео материалот спонзоризиран од СДСМ.

Според нашата анализа, а што може лесно да се утврди и од фактичката сосојба, констатираме дека од рекламираните 624,5 милиони евра, ниту еден цент не се инвестирани ве технолошко развојните зони во западниот дел на државата, со мнозинство албанско население.

Што значи , во овие две години не е отворена ниту една обична работилница , а да не зборуваме за големите светски производители.

Со право го прашуваме премиерот Заев, бидејки е повеке од јасно дека министерот за економија, г-Бектеши не е во тек со оваа мизерна состојба на овој регион, кој што е населено со мнозинско албанско население.

Г.ПРЕМИЕРЕ, ЗОШТО ГО ИЗОСТАВУВАТЕ ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД КАРТАТА НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ, И НЕ РАБОТИТЕ НА ОТВАРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА??

Како е можно, една од највиталните зони на државата да се остави во ваква незавидна состојба, во првите две години од вашиот мандат??

Со:

НУЛА (0) СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

НУЛА (0) НОВО ОТВОРЕНИ РАБОТНИ МЕСТА И

НЕВИДЕН ЕГЗОД НА МЛАДА И КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛА

Дали сето ова не е во спротивност со концептот кој што го промовирате- ЖИВОТ ЗА СИТЕ??

Заради оваа причина г.премиере Ви апелираме помалку да се занимавате со видео спотови, затоа што тие не враќаат назад на времето кога имаше многу рекламирања, а малку работа. Ви препорачуваме во духот на еднаквиот и пропорциенален економски развој, да не го оставите во заборав Полошкиот регион и другите места со мнозинство албанско население. Само со еднаков економски и регионален развој може да се зборува за некаков живот за сите.

Фатмир Емуш, директор на Департаментот за Економија во Движење БЕСА.

Млад пар во „жешка“ акција за време на лет- патниците не можат да поверуваат што гледат (ВИДЕО)

Млад пар се препуштил на жешка акција на летот за Даблин, игнорирајќи ги останатите патници.

Патничка снимила девојка како наводно допира млад човек со раката под шал за време на летот. Шокантна снимка од секс во авион е снимена минатиот вторник на утринскиот лет од Лондон до Даблин, објави Дејли Меил.

- Секогаш кога ќе се свртев, гледав енергични движења на седиштата од другата страна. Беше многу очигледно што прават момчето и девојката. Ова траеше околу 20 минути. Едно дете трчаше горе-долу и можеше да види што прават. За мене беше прилично непријатно да седам до брат ми и да морам да посведочам на тоа - изјавила девојката која ја снимила сцената.

За инцидентот се огласи и Бритиш Ервејс.

- Нашите колеги од кабинскиот екипаж не беа информирани за никаков проблем за време на летот. Доколку беа информирани, ќе преземеа соодветни чекори за да го решат тоа - изјавил портпаролот на компанијата.

Полицијата неодамна приведе млад човек и девојка откако биле фатени како имаат секс во тоалетот на авионот. На видеото се гледаат други патници на летот од Лутон како врискаат шокирани откако член на екипажот на EasyJet ја отвори вратата од тоалетот за да ја пронајде експлицитна сцена.

Змија во воз предизвика хаос и застој на железницата во Токио, не успеале да ја фатат

Воз на прометна линија во Токио бил привремено запрен денеска откако патник пријавил кај персоналот дека видел нешто што изгледа како змија.

Ја барале змијата околу 15 минути, но животното не било пронајдено, објави Кјодо.

Железничкиот сообраќај бил обновен еден час по пријавата.

Друг патник рече дека го видел малото животно како „бега во греалка под седиштето“, соопшти линискиот оператор East Jeppen Railway Co.

Поради потрагата по змијата биле погодени околу 2.700 патници.

Никој од патниците не бил повреден.

Украинката Јастремска не се поздрави со Белорусинката Сабаленка по поразот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи украинската тенисерка Дајана Јастремска со 2:0 и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим.

Сепак, покрај тенисот, она што привлече големо внимание е сцената во самиот финиш на мечот.

Имено, по мечот, наместо вообичаениот поздрав, двете тенисерки само се гледаа, дојдоа до своите клупи, ја спакуваа опремата и без никаков контакт го напуштија теренот до најблиските излези. Покрај тоа, од трибините се слушаа свирежи кои јасно го покажаа односот на публиката.

притисни ентер