Бизнис форум за зајакнување на капацитетите на МСП и искористување на ЕУ фондовите

Бизнис форумот е дел од третата компонента и веќе е потпишан Меморандум за соработка меѓу МСП, јавните и образовните институции, стопанските комори и бизнис секторот .

Зајакнување на капацитетите на малите и средните претпријатија (МСП) за искористување на расположливите ЕУ фондови и преку тоа да се зајакне нивната конкурентност, како на национално, така и на меѓународно ниво, е целта на бизнис форумот „Подобрување на соработката и интеракцијата помеѓу клучните актери во процесот на развој на конкурентоста на националната економија" што се одржа денеска во Скопје.

Како што посочи Александра Каракашова Сачкарска, тим лидер на проектот „Јакнење на локалните бизниси за глобалните предизвици" во чии рамки се организира форумот, проектот се состои од неколку компоненти. Првата е зајакнување на капацитетите за искористување на фондовите од ЕУ програмите преку реализирање на тренинзи и обуки, втората е примена на стекнатите знаења во пракса, а третата компонента е зајакнување на соработката меѓу МСП, невладините организации, бизнис секторот, јавните и образовните институции.

– Бизнис форумот е дел од третата компонента и веќе е потпишан Меморандум за соработка меѓу МСП, јавните и образовните институции, стопанските комори и бизнис секторот за подобрување на нивна соработка за заедничко планирање на активности и настап на ЕУ фондовите, информира Каракашова Сачкарска.

Прашана зошто домашните компании тешко ги користат ЕУ фондовите, таа посочи дека во текот на овој проект, како проблем ги увиделе комплексните апликации што ги нудат програмите и капацитетот на нашите МСП.

– Многу често тоа се мали претпријатија кои имаат само неколку вработени и тие немаат доволно ниту човечки рисурси, ниту капацитети за да земат и да го истражат подобро, да спремат предлог проект, а од друга страна се комплексните критериуми, технички, финансиски, кои тие треба да ги исполнат за да можат да ги задоволат бараните критериуми во таква една спецификација, вели Каракашова Сачкарска.

Додаде дека државата им помага на МСП преку Фондот за иновации и технолошки развој, Агенција за поддршка на претприемаштвото и низа други програми и проекти што се финансирани од ЕУ.

Професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Радмил Поленаковиќ истакна дека е факт оти без иновативност нема конкурентност, а нашите мали и средни компании во изминатите години поинтензивно се фокусирале на оваа проблематика.

– Нашите мали и средни компании во измантиве неколку години поинтензивно се фокусираат и на оваа проблематика бидејќи и самиот екосистем во државата полека зрее и мислам дека со формирањето на неколку институции, пред се Фондот за иновации, каде се фокусирани големи пари за развој на иновативноста кај МСП, допрва ни претстои еден „бум" кој ќе ја зголеми конкурентноста кај нашите фирми, вели професорот Поленаковиќ.

Вели дека она што недостасува е врската со универзитетите, односно дека многу мал број на факултетите имаат директна соработка со стопанството.

– Решението како тоа да се надмине има два начина. Ние на Машински факултет сме можеби позитивен пример каде самите компании доаѓаат, лоцираат проблем и колегите заедно со студентите работат во проектни тимови за решавање на тој проблем. Веќе неколку комапнии имаат донирано и средства и опрема во насока на развој на нови производи кои заедно, нашите студенти, професори, со ментори од стопанството ги развиваат, вели Поленаковиќ.

Прашан дали младите што си заминуваат имаат влијание врз развојот на конкурентноста на малите и средните компании кај нас, тој посочи дека искуствата покажуваат дека прво најдобрите си заминуваат.

– Тоа е лошо. За да се задржат младите има начини, прво да се покачат платите кај нас во компаниите особено кај странските инвеститори кои вработуваат многу инжинерски и среднотехнички кадар и уште повеќе да се форсира самовработувањето, развојот на претприемачкиот дух и младите да започнуваат сопствен бизнис. Без тие две насоки на движење на развој нема перпсеткива за нашата држава, рече професорот.

Имено, проектот е финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на „Милиеуконтак Македонија", во партнерство со „CEIPIEMONTE S.c.p.a." од Торино, Италија, во времетраење од 18 месеци.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

Курти ѝ се пожалил на американската државна потсекретарка за заканите од Србија кон Косово

Курти ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава.

Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со потсекретарката за јавна дипломатија на Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, која престојува во Косово, ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, Курти на средбата со Ален рекол дека „авторот и водач на терористичката и паравоена српска група“, која го изврши нападот во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Милан Радоичиќ, сè уште е на слобода во Србија.

Косовскиот премиер изразил и жалење што барањето на Косово за членство во оваа институција не е ставено на агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа за 17 мај.

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија и за процесот на дијалог со посредство на Европската унија. По ова прашање премиерот Курти ја истакна важноста од целосно и безусловно спроведување на основниот договор и неговиот анекс. Во однос на патот на Косово кон евроинтеграциите, премиерот Курти изрази жалење што Комитетот на министри на Советот на Европа одби да го вклучи Косово во агендата за гласање на 17 мај, со оглед на тоа што Косово ги исполни сите критериуми за членство“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Во текот на разговорот, Курти ја запознал Ален со „случувањата во земјата, напредокот во владеењето на правото, социјалните политики кои ги поддржуваат жените и децата, реформите во образованието со цел поврзување на образованието со пазарот на трудот, како и политиките и инвестициите во енергетиката“.

Курти изјави дека САД се сојузник и историски партнер на Косово и очекува зајакнување на меѓусебните односи во иднина, особено на полето на економијата и трговијата.

Пред да се сретне со Курти, американската дипломатка, Ален претпладнево се сретна и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на САД и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави. /МИА

притисни ентер