Бјанка Цензори го помина Велигден со децата на Канје Вест „облечена“ во латекс (ФОТО)

Канје Вест и Бјанка Цензори го поминаа Велигден со неговите четири деца со Ким Кардашијан.

Парот е фотографиран пред ресторан во Малибу, по што се упатиле на кино со децата.

На изненадување на многумина Бјанка се дотерала целосно за велигденското дружење со децата, но секако на свој начин. Италијанката носеше сребрено боди кое ги истакна сите нејзини облини. Канје се обиде да биде што е можно понезабележителен во црно додека го држеше за рака синот Сент. Останатите деца го следеа примерот. На разделбата сите цврсто ја прегрнаа Бјанка.

Инаку, децата Кардашијан-Вест претходно го славеа празникот во куќата на нивната баба Крис Џенер.

Потсетуваме, Бјанка веќе извесно време насекаде се појавува во разголени изданија и покажува интимни делови од телото, а раперот нејзините експлицитни фотографии и видеа ги објавува на Инстаграм.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

притисни ентер