Блан: Предноста од само еден гол не е реална слика за натпреварот

Селекторот на Пари Сен Жермен, Лоран Блан, изјави дека неговиот тим заслужи поубедлив триумф над Челзи во првиот натпревар осминафиналето во Лигата на шампионите.

- Немаме голема предност, иако игравме многу добро. Лошо е кога ќе примиш гол на домашен терен и во незгодна ситуација сме. Гол повеќе не е реална слика за прикажаното на теренот. Сепак и натаму се е во наши раце. Ние ќе одиме на побед аи во Лондон, изјави Блан по натпреварот во Париз.

Францускиот стручњак нагласи дека е среќен за Кавани кој беше стрелец на победничкиот гол.

-Тоа е играч со огромен талент. Имаше тежок период, но сега полека ја враќа самодовербата. Јас секогаш ги бодрам моите играчи, особено него, додаде Блан.

ПСЖ синоќа го совлада Челзи со 2:1. /МИА

Асфалтирана на улица 36 во населба Илинден

Општина Илинден континуирано работи на подобрување на патната инфраструктура на нејзина територија. 

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши асфалтирање на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден.

Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски извршена е целосна реконструкција на улицата во должина од 680 метри и широчина од 6 метри коловоз. Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница за локалната економска зона „Карагач“ како и ги поврзува населените места Ајватовци, Бунарџик, Бучинци, Мршевци, Бујковци и останатите населени меска со населба Илинден.

Градоначалникот додаде дека со реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона, како и секојдневното функционирање на граѓаните од Општина Илинден.

Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.

Општина Илинден

До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи

До четврток во земјава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. 

Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Како што информира УХМР, во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Пораст на температурата се очекува кон крајот на неделата.

Според УХМР, во Скопје утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено поројни. Потоа во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

Стив Бушеми нападнат со тупаница во центарот на Менхетен

Американскиот глумец Стив Бушеми се наоѓа во болница во Њујорк откако бил нападнат од непознат маж во центарот на њујоршката општина Менхетен. Глумецот се чувствува добро и заздравува, соопшти неговиот гласноговорник.

Бушеми (66) вчера бил удрен со тупаница во лицето од непознат човек. Нападот е означен како неиспровоциран акт на агресија. Напаѓачот побегнал, а полицијата трага по него.

Глумецот, инаку добитник на „Златен глобус“ е познат по улогите во филмовите „Пороците на Мајами“, „Касапски кучиња“, „Фарго“, „Големиот Лебовски“ и други.

притисни ентер