БМВ го сними The Calm, најтивката филмска потера во историјата (ВИДЕО)

Немањето соодветна звучна сцена е една од главните недостатоци на електричните спортски автомобили, според љубителите на октаните.

Во BMW се обидуваат да го поправат тоа, па дури и го ангажираа двократниот оскаровец Ханс Цимер за да создаде соодветен саундтрак за баварските електрични модели. Еден од нив е BMW i7 M70, најпрестижниот електричен модел на BMW, но и еден од технолошки најмодерните автомобили на денешницата.

Автомобилот штотуку ја започна својата промотивна кампања, а по тој повод BMW подготви краток филм со наслов The Calm за првиот ден од Канскиот филмски фестивал. Во овој акционен филм главни протагонисти се Пом Клементиеф, Ума Турман и Нејт Пери, се разбира, со седан на BMW. Додадете ги на тоа сите атрактивни локации, Јадранската магистрала и одличната режија, и ќе добиете уште едно продолжение на серијата кратки филмови што BMW ја започна во 2001 година.

THISAM 2024 – Меѓународна академија за новинари ќе се одржи во Солун од 5-12 јули

Високата школа за новинарство и масовни комуникации при Универзитетот Аристотел во Солун (АУТ), во соработка со Катедрата за европска јавна дипломатија Жан Моне и ценети партнери, ја организираат годишната меѓународна летна академија за медиуми.

Овој настан обединува динамична група новинари со почетничка кариера, студенти, медиумски претприемачи, научници и лидери од невладини организации и медиумската индустрија.

THISAM 2024 ќе се одржи од 5-ти до 12-ти јули во Солун, Грција. Темата за оваа година, „Откривање на утрешните медиуми: предизвици и алатки во комуникацијата“, има за цел да ја истражи иднината на медиумите и комуникацијата, да одговори на тековните предизвици и да ги испита иновативните алатки.

Овој интензивен мултидисциплинарен курс за обука е дизајниран да понуди длабинско знаење и силни вештини за клучните теми и напредок во медиумите и комуникацијата.

Краен рок за пријавување: 31.05.2024

Исто така, од Грчката амбасада информираат дека конференцијата „Глобални медиуми и култура“ ќе се одржи во Солун од 3-4 јули, во организација на THISAM (Мировна новинарска лабораторија, Факултет за новинарство и масовни комуникации, Аристотел универзитет во Солун, Грција). Институт за култура на конвергенција (Универзитет Халим, Кореја), Соработка на знаење за добро владеење (Сеул, Кореја) и Глобални медиуми и Кина (Сејџ).

Темата на конференцијата е „Струите на глобалните медиуми и култура“.

За повеќе информации посетете ја: https://joursummerschool.org/index.php/thessaloniki-conference/thessaloniki-conference-2024

На длабочина од 1.000 метри е снимено страшно суштество- има светлечки пипала (ВИДЕО)

Многу луѓе се плашат од морињата и океаните поради суштествата кои демнат во длабочините, од кои некои се навистина морничави.

Истражувачите од Универзитетот во Западна Австралија и организацијата „Kelpie Geosciences“ објавија видео снимено во јужниот дел на Пацификот на 8 мај, кое го одзема здивот.

Суштеството снимено на 1.026 метри длабочина изгледа како да „излегло“ од нечиј кошмар, а научниците наведуваат дека „ретко се гледа“.

Тие ги истражувале темните длабочини, користејќи подморница, кога џиновската лигња, позната како Taningia danae, се нафрлила на камерата.

Ги рашири пипалата, веројатно мислејќи дека го обезбедила ручекот. Овој вид, инаку, е познат по двете големи фотофори на крајот од пипалата кои произведуваат биолуминисценција, пренесува LadBible.

Па така, лигњата која достигнува максимална должина од 2,3 метри и тешка до 160 килограми, има „фарови“ за полесно движење во мрак!

Во исто време, тие служат за да го збунат и измамат пленот.

„Додека го гледавме видеото, сфативме дека камерата е „нападната“ од Taningia danae“, велат истражувачите.

Врховен судија е фатен со 10.000 евра мито

Полициски извори за Телма потврдија дека денеска со истрага бил опфатен врховен судија поради сомнеж за барање мито и за поткуп.

Според информациите на Телма, судијата бил фатен со 10.000 евра. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет.

За имунитетот на судиите е задолжен Судскиот совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г. Од обвинителството за Телма кратко одговорија дека немаат информации. Истрагата за случајот ја спроведува МВР.

притисни ентер